10.2 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Трошоците за живот се зголемуваат секој месец, а платите еднаш годишно

Пораст на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е евидентиран од страна на Државниот завод за статистика, пренесува Инбокс7. Индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи зголемување од 8.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.9 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12.6 %, лебот и житата за 3.8 %, сирењето и урдата за 1.8 %, рибата и морските плодови, млекото за 0.9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5 %, пивото за 0.3 % и месото за 0.2 %.

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за  30.9 %, електричната енергија за 4.3 %, услугите за сместување за 4.2 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.8 %, течните горива за домаќинствата за 2.5 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.4 %, другите печатени материјали за 2.2 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.8 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци  за 0.9 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, големите алатки и опремата, стоматолошките услуги за 0.7 %, домашни миленици и сродни производи, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, туристичките аранжмани, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4.8 %, маслото и маснотиите за 3.6 %, жестоките пијалаци за 0.9 %, кафето, чајот, какаото за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 7.1 %, медиумите за снимање за 5.2 %, парамедицинските услуги за 4.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.9 %, високото образование за 2.7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, електричните апарати за лична хигиена за 0.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека, производите за домаќинството-нетрајни за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 %.

 

Related posts

Словачка меѓу Русија и Западот

admin

ДУИ СЕ НАДЕВА НА „ДВА ВО ЕДЕН“ ПРОТИВ СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

ninja

Партиите нови, амбициите големи

admin

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БИХ: НАЈАВЕНИТЕ ЗАКОНИ НА ВЛАСТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА СЕ РЕПРЕСИВНИ

ninja

Нула одговори за „Предатор“, а втора санкција за „Сајтрокс“

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари

admin