5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

ПО ПРИШТИНА, АХМЕТИ ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ ЈА ПОСЕТИ И ТИРАНА

Делегација на Демократскиот унија за интеграција (ДУИ), поточно претставниците на овој субјект во извршната власт, на чело со претседателот Али Ахмети, оваа недела ќе ја посети Тирана, – дознава КДП од високи извори на оваа партија.

„Продлабочувањето на билатералната соработка на различни полиња, со посебен акцент на заокружувањето трансбалкански Коридор 8, случувањата во регионот и настаните во Украина и нивниот одраз на Западен Балкан, се очекува да бидат во фокусот на разговорите со премиерот Еди Рама и неговите соработници“, изјави за КДП висок функционер на ДУИ, прецизирајќи дека за посетата се запознаени и партнерите од владејачката коалиција.

Се најавува дека делегацијата ќе биде приближно ист формат каков што на крајот на минатиот месец престојуваше во Приштина, составена од министри и други високи функционери во централната администрација, како што се: првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Фатмир Бесими, Бујар Османи, Јетон Шаќири, Крешник Бектеши, Насер Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Инаку, при посетата на Приштина на 29 јануари годинава, Ахмети и Курти разговараа за инфраструктурни проекти кои се предуслов за регионален економски развој, како што се патот Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Скопје, Патот на Арбер и Коридорот 8.

Курти и Ахмети разговарале за поврзување на двата автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен.

Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границите и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица итн.

Related posts

ВЛЕН ја разбранува владата, Мицкоски апелира на смирување

admin

Северна Македонија одбележува пет години од членството во НАТО

admin

Што мислат Американците за војната меѓу Израел-Газа

admin

Германија мора да реши многу проблеми – но како?

admin

Европа без Америка? Војната со Иран го менува безбедносниот баланс

admin

Папата Лав XIV повика на „разоружување“ на вештачката интелигенција

admin