9.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПАРНОТО ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК, ЈОРГАНИТЕ АЛТЕРНАТИВА

Граѓаните загрижени и растрчани да најдат друг начин на греење, ако нема парно. Власта им порачува малку повеќе да веруваат оти проблемот ќе се реши. Државата во јануари го презеде управувањето со снабдувањето на Скопје со парно, но се уште не е избрана нова фирма, а грејната сезона е на прагот, пишува РСЕ, пренесеува Кдполитик.

Јамболиите, ќебињата и јорганите повторно се враќаат во игра во пресрет на студената скопска зима. На нешто повеќе од две недели до грејната сезона, која почнува на 15 октомври, скопјани се загрижени дали ќе имаат парно. Не се знае кој ќе биде задолжен да ги грее жителите на главниот град на државата и дали воопшто ќе има парно, оти се уште не е избрано која фирма ќе го прави тоа. Власта, пак, порачува граѓаните да бидат спокојни.

Владата на почетокот на годинава го презеде управувањето со парното, оти најголемата фирма што беше задолжена за централното греење во главниот град на Македонија, се откажа откако цените на плинот нагло пораснаа на светските берзи. Со Балкан енерџи груп (БЕГ) потоа управуваше државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Дома ќе вклучуваме клима, ќе трошиме повеќе струја, а од друга страна плаќаме сметки на БЕГ, значи ќе плаќаме дупли сметки, но очигледно и тоа е единствениот начин, но и за тој начин сме загрижени дали ќе има електрична енергија во текот на зимата, затоа што се зборува за рестрикции. Прашањето што го упатувам до властите е на што да се грееме ние, дали повторно да ги вратиме јамболиите, јорганите и ќебињата како порано или ќе бидеме во модерно време и ќе се грееме на начин накој би се заштитила и животната средина“, вели Сања од Скопје.

Таа живее во стан во скопската населба Аеродром, која е оддалечена пет километри од центарот на Скопје. За стан од 85 квадрати досега таа плаќала 2700 денари, а сега сметката им е 3400. Соседите ни се уште поинвентивни во трагањето по алтернатива доколку не пуштат парно, вели Сања.

„Наши комшии во зградата каде што живееме, веќе ги бараат отворите за оџаците за да се греат на дрва, а од друга страна нели се грижиме за животната средина и за загадувањето, односно ги продадовме печките на дрва, а сега не смееме да се грееме ниту на струја“, вели таа.

Related posts

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin

Приведени две лица во липковско

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

ninja

Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

admin

Трамп има можност доброволно да се предаде до 25 август напладне

admin