13.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БИСЛИМОСКИ УВЕРУВА ДЕКА И ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено околу 12 лиценци за трговија и снабдување со природен гас и пазарот за природен гас ќе продолжи да функционира и од 1 јануари, нагласи денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој додаде дека сите учесници на пазарот биле повикани да ја следат припремата на новите подзаконски акти и биле информирани дека од 1 јануари тие ќе стапат во сила, кога на пазарот на природен гас стапуваат новите правила.

Притоа појасни дека најголемиот потрошувач на пазарот во земјава, ТЕ-ТО ги има обезбедено своите потребни количини од природен гас и за 2023 година, што е околу 70-75 проценти од вкупната потрошувачка на природниот гас во државата.

„Државата го има договорот со Газпром и апсолутно си го почитува до крај. Овој дополнителен капацитет од 500 илјади нормални кубни метри за којшто помогнаа Булгартрансгас и ГА-МА да се зголеми, ќе биде предмет на аукција и за тој капацитет ќе може да се јават, а и веќе се јавиле од бугарска страна двајца трговци со природен гас коишто го закупиле. Тие штом го закупиле сигурно дале пари за тоа се и заинтересирани да влезат и на нашиот пазар за природен гас. Значи, тие 800 илјади нормални кубни метри остануваат во функција и Газпром преку компанијата Макпетрол може да ги стави на располагање на македонските потрошувачи“, дополни Бислимоски.

Инаку вчера компанијата Макпетрол најави дека од 1 јануари нема увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи. Како причина за ова ги наведе новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, со што не се применливи досегашните услови според кои компанијата увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи.

Од „ГА-МА“ АД пак повикаа на одговорност во ек на енергетска криза.

Related posts

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja

Израелско-палестинската војна може дополнително да ја тестира надворешната политика на ЕУ

admin

Германскиот канцелар Шолц го осуди терористичкиот напад во Москва

admin

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ КАКО ПОМОШЕН ЛЕК ЗА КРИЗНОТО ПРОФИТЕРСТВО И НЕЧЕСНИТЕ ТРГОВЦИ?

ninja

Џафери мандатар, Митрески претседател на Собрание

admin