21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Г7 бара продолжување и проширување на договорот за извоз на украинско жито

Групата на седум економски силни земји (Г7) денеска повика на „продолжување, целосна имплементација и проширување“ на критичниот договор за извоз на украинско жито преку Црното Море. Г7 ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, САД, Италија, Јапонија и Обединетото Крралство.

Со посредство на Обединетите нации и Турција, договорот беше потпишан во јули минатата година во Истанбул, дозволувајќи и на Украина да извезе повеќе од 27 милиони тони жито од неколку нејзини пристаништа на Црното Море.

Русија, која го нападна својот сосед во февруари 2022 година, силно сигнализираше дека нема да дозволи договорот да продолжи по 18 мај, бидејќи списокот со барања за олеснување на сопствениот извоз на жито и ѓубрива не е исполнет.

Откако ЕУ ги укина тарифите за да и помогне на Украина и воведе солидарни коридори поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, украинските житарки, пилешко и јајцаги преплавија пазарите членки на ЕУ по дампинг цени.

Полска најпрвин го забрани увоз на жито од Украина. Но, после неколку дена на 16 април го обнови транзитот на украинските житарки со посебни мерки – запечатени камиони и вагони, опремени со ГПС-тракери, а забраната за увоз на голем број земјоделски производи, од жита до месо и јајца до мед, останува на сила до крај на јуни.

Related posts

Премиерот Ковачевски најави оставка

admin

Струјата може да поскапи 13 проценти

admin

Груевски: Очигледно Мицковски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта

admin

Екстрадицијата заврши, почнува истрагата за Палевски

admin

Мицковски: СДСМ и ДУИ формираа антимакедонски фронт

admin

МЛАДИТЕ БАРААТ РАБОТА И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ДА НЕ ЗАМИНАТ

ninja