21.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

СПАСОВСКИ ЗА ТОП НЈУЗ:  Дојавите за бомби се хибридна војна, Руската агресија врз Украина ја торпедираше појавата на лажни вести на едно повисоко ниво

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Оливер Спасовски, вели дека руската агресија врз Украина ја торпедираше појавата на лажни вести на едно повисоко ниво, па ниту една земја во светот не остана имуна.

„Иако на сите веќе им е јасно дека дојавите за бомби се лажни, морам да го потенцирам фактот дека во секој момент тие беа најсериозно третирани. МВР во полн капацитет ги презема сите активности кои се во наша надлежност за да ја осигура безбедноста на граѓаните. Тоа вклучува евакуација на населението и антитерористички проверки по добиена пријава, патролни служби кои се присутни околу училиштата, проверки за експлозивни направи во комерцијални објекти и сл., вели тој во интервју за порталот на Албански јазик, Топ Нјуз, пренесува Инбокс7.

“Во координација со МОН донесовме серија на краткорочни и средорочни мерки кои не само што ќе ја зајакнат отпорноста и сајбер безбедноста, туку ќе ја интензивираат и заштитата и безбедноста на учениците и наставниот кадар во училиштата. Разработивме упатство кое ќе ја јакне безбедноста на самите училишта, ставајќи акцент на обезбедување на објектите од реални закани и поголемо внимание на училишниот кадар за безбедноста на учениците.”, вели тој.

Покрај ова, Спасовски вели дека за справување со хибридните закани формиран е и Оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, каде покрај МВР, односно Бирото за јавна безбедност, вклучени се и Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, како и Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. „Овој тим, меѓу другото, ја користи и поддршката од меѓународните партнери во долгорочното градење на отпорност, додава тој.

„Јавноста веќе е свесна дека целта на хибридните закани е да ја намали довербата во институциите и да внесе постојно чувство на страв и несигурност кај граѓаните. Да потсетам, предизвикување вознемиреност на граѓаните, создавање паника и нанесување штета беше целта и на сајбер нападите на страниците на Тајм.мк и ДИК на изборниот ден и нападот врз веб-страницата на Фондот за иновации две недели пред парламентарните избори во 2020.“, вели Спасовски

Според него, Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија со Акциски план 2018-2022 вроди со плод. „Во очекување сме за стратегијата 2023-2026, а би го споменал и капиталниот проект на МВР – Податочниот ИКТ центар во Прилеп, кој е резервна база за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и, исто така, ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор, подвлекува Спасовски.

Во врска со борбата со корупцијата, тој вели дека претставува приоритет број еден на Министерството за внатрешни работи. „За справување со оваа појава МВР презема мерки со висок интензитет, што даваат одлични резултати. За потсетување, 2021 година ја завршивме со над 50% зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари. Ланската година, пак, откриени се 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители, со кои била причинета материјална штета над 227 милиони денари. Притоа, злоупотребите на службената положба кај кои се присутни коруптивни елементи имаат најголема застапеност, потенцира Спасовски.

Спасовски негира дека ова раководство на Министерството за внатрешни работи има селективен пристап во борбата против криминалот.

„Откако сум јас на чело на истото, има нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот! И вашето прашање исправно е формулирано – во минато време, кога бевме сведоци на селективност во борбата против криминалот на роднинска, партиска, национална, верска или друга основа… Меѓутоа, пак ќе повторам, тоа време е завршено! За нас важи правилото – кој сака и од каде сака нека биде, ако згрешил пред законот и пред правдата, тој ќе одговара. Нема настан за кој полицијата не постапувала и не поднела соодветна пријава. Дека не постојат „заштитени зони“ покажавме и со редовните контроли по населените урбани или рурални места, каде МВР постапува врз основа на изготвени анализи и планови“, вели Спасовски.

Не можете, – потенцира тој,- во исто време да имате интензивна борба против криминалните структури, а да заштитувате некого. „Тие две работи не одат една со друга. За тоа говорат резултатите на МВР за намалувачките трендови на криминалните области, па 2022 година ја завршивме со 6% намалување на вкупниот криминалитет, а зголемена ефикасност на полицијата, при што откриените кривични дела од организиран криминал бележат зголемување од 40%, а дури 70% бележиме зголемување на откриените дела поврзани со криумчарење мигранти, како и зголемување за 28% имаме и во спречените обиди за илегално преминување на државната граница.

Related posts

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

admin

Ковачевски: Границата со Албанија само со едно застанување

admin

Бугарски капитал доминантен на македонскиот пазар со брзи кредити

admin

С.Македонија на дното, Луксембург, Германија и Австрија најразвиени економии во ЕУ

admin

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin