2.8 C
Скопје
30 ноември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Пратеник од С.Македонија на меѓународен безбедносен форум во Москва

Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Северна Македонија на својот Фејсбук профил се „пофали“ дека е во Москва. Тој за Радио Слободна Европа потврди дека ќе присуствува на собирот во Москва. А детали за патувањето ќе соопштел откако ќе се врати, пренесува Инбокс7.

Во Московскиот регион од 23 до 25 мај се одржува Меѓународен состанок на високи претставници кои се занимаваат со безбедност.

На состанокот во Москва ќе присуствуваат секретари на совети за безбедност, помошници и советници на шефови на држави, вицепремиери, шефови на безбедносни агенции и специјални служби од различни земји, јавуваат руските медиуми. Форумот ќе се одржи под покровителство на рускиот Совет за безбедност. Руската делегација ја предводи секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Во Москва е соопштено и дека се очекува на дневен ред да бидат прашањата поврзани со обезбедувањето национална, регионална и глобална безбедност.

Сè уште не е објавена конкретна листа на земји чии претставници ќе се соберат на безбедносниот форум во Московскиот регион, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

 

Related posts

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

ГРАНИЦИТЕ НА НАШИТЕ УМОВИ

admin

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin

Приведени две лица во липковско

admin