13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Приведени велешани, фалсификувале денари

Полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. На пазарот во Велес тие се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.

Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари.

 

Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related posts

ИНФОГРАФИК | Колку европејци живеат под кирија?

admin

Кос: Нема гаранции дека нема да има нови блокади за Северна Македонија дури и по уставните измени

admin

Дали Заев гради кула од 82 ката во Дубаи?

admin

Девојчето Вања жртва на „алчност за пари“, јавноста во шок

admin

Ахмети не верува дека Села ќе излезе од ЕФ, вели дека Таравари се опаметил

admin

Која земја произведува најмногу велосипеди во Европа?

admin