24.8 C
Скопје
20 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАРЕГИОН

Бугарија и Хрватска со најголемо зголемување на вработеноста во ЕУ

Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20-64 години во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 75,3% во првиот квартал од 2023 година, што претставува зголемување од 0,5 процентни поени (п.п.) во споредба со четвртиот квартал од 2022 година, покажуваат последните статистички податоци на Еуростат.

Забавеноста на пазарот на трудот – што ги опфаќа оние со незадоволени потреби за вработување, од кои голем дел опфаќаат невработени лица – изнесува 11,3% од проширената работна сила на возраст од 20-64 години во К-1 2023 година (-0,1 п.п. во споредба со К-4 2022 година).

Промените во стапката на вработеност помеѓу К-4 2022 и К-1 2023 варираат во земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци. Највисоки зголемувања се забележани во Бугарија (+2,8 п.п.), Хрватска (+2,0 п.п.) и Кипар (+1,1 п.п.).

Додека вработеноста се зголеми во 19 земји на ЕУ, таа остана стабилна во Летонија и Финска и се намали во 5 земји од ЕУ, при што најголемо намалување е забележано во Словенија (-1,6 п.п.), Литванија (-1,0 п.п.) и Малта (-0,3 п.п.).

Помеѓу четвртиот квартал од 2022 година и првиот квартал од 2023 година, 3,2 милиони невработени лица во ЕУ (24,3% од сите невработени во четвртиот квартал од 2022 година) нашле работа. Во овој период, 6,8 милиони (51,1%) останаа невработени, а 3,3 милиони невработени лица (24,6%) преминаа надвор од работната сила.

Related posts

ТЕНЗИИТЕ НА КОСОВО ГИ БРКААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ОД ЗЕМЈАТА

ninja

Уште 5 години на власт, Ердоган го надмина и Ататурк

admin

Николоски: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде завршен за две и пол години

admin

Усвоен извештајот од ЕП: Албанија е „главен кандидат“, но ризикува застој ако не ги забрза реформите!

admin

Заигра метлата на Рама, разрешување на министри и избор на нова спикерка на Собранието

admin

Клучните точки од договорот за стратешко партнерство помеѓу Северна Кореја и Русија

admin