25.8 C
Скопје
25 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

Првиот вице-премиер Артан Груби, во интервју за ТВ24, рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицсковски, не е против уставнитре измени туку против Албанците и нивното присутство во власта, пренесува Инбокс7.

„Тој изјави дека би гласал за уставните измени. Иако со задоцнето дејство, тие сепак ќе имаат дејство. Проблемот на Мицковски не се Бугарите, туку Албанците. Негов услов е ДУИ да не биде дел од власта. Ние рековме ок, помеѓу Северна Македонија во ЕУ или ДУИ на власт ние би ја избрале првата варијанта. За нас не е власта пред се, туку интересите на државата“, рекол Груби.

Тој рече дека е опстимист дека до крајот на годината ќе поминат уставните измени.

„Во Собранието има 120 пратеници, нема 80. Сметам дека сите тие, со исклучок на двајца пратеници, се за интегрирање на нашата земја во ЕУ, како што беа за во НАТО. Убеден сум дека ако се претстави добро оваа техничка измена во Уставот би ја прифатиле и граѓаните, а не само пратениците. Ова се само технички амандмани за да го продолжиме европскиот пат на Македонија“, рече Груби.

Груби порача дека е битно тоа што го кажа Христијан Мицкоски на 7-ми јуни месецов.

„Ќе се памти тој ден, не по тоа што ми е роденден, туку по изјавите на Мицкоски. Сакам јавно да му се заблагодарам за можноста што ни ја даде да продолжиме кон европскиот пат. Се покажа дека адресата не им е на друго место, туку во Брисел и Вашингтон. Тој не беше свесен дека сме реагирале и го прифативме неговиот предизвик. 7-ми јуни ќе се памети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени, прифатија Бугарите да се вклучат во Преамбулата и Уставот, прифати да нема предвремени парламентарни избори и се надевам дека сите овие ретерирања, веќе се променети и дека сме на нов терен. Охрабрувам да почнеме со постапката и да ги разгледаме предлозите на Работната група, истакна вицепремиерот“, рекол Груби.

Тој вели дека 7-ми јуни е клучен ден за одлуки.

„Нашиот став од 7-ми јуни е најдоброто нешто што сме можеле да го направиме. Ние ветивме европска интеграција. ДУИ е партија која ветува и остварува. Во насока на нашата партија, ние се би жртвувале само Северна Македонија да влезе во Европска Унија. Небитна е власта. Дали меѓу ДУИ во опозиција или Македонија во ЕУ, ние ќе бираме Македонија во ЕУ. Немаме дилема за ставот. После сите кризи, ова е вистинскиот пат“, вели Груби.

 

Related posts

Наследник на Трас: Сунак обезбеди поддршка за кандидатурата

ninja

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

admin

Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“

admin

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Крвава граѓанска војна во Судан, две генерали се борат за власт

admin

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

ninja