16.8 C
Скопје
22 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Милошоски: Резолуцијата на Бундестагот е добра, е резултат на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во своето денешно гостување во радио Лидер, пренесува Инбокс7.

“По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век”, рече тој.

Според Милошоски, причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која неколку години наназад предупредуваше дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува македонскиот идентитет.

“Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години”, вели тој.

Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

“Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во Германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту во тогаш не се оствари”, додаде Милошоски.

Related posts

Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти

ninja

Русија ќе биде „нервозна“ за Ф-16 поради две причини

admin

Американски лекари: Бајден е здрав и способен

admin

МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ И ИНЖЕНЕРИ ИМПРЕСИОНИРААТ НА ASEF 2023

ninja

Физички нападната екипата на Алсат

admin

МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ДОГОВОРИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

ninja