24.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Бајден вети дека САД и сојузниците „нема да се поколебаат“ во одбрана на Украина

Претседателот Џо Бајден и вети на Украина дека нејзините западни партнери нема да отстапат од нејзината одбрана во обраќањето во средата по дводневните состаноци со лидерите на самитот на НАТО во Вилнус, пренесоа агенциите.

Според Ен-Би-Си, Бајден вети дека „одбраната на слободата не е работа на еден ден, или една година. Тоа е повик на нашиот животен век – на сите времиња“. „Ние сме подготвени за борбата што претстои“, додаде претседателот на САД. За сојузниците на Украина, тој рече: „Нашето единство нема да поколеба, ви ветувам“.

Ројтерс пренесе дека настанот во Вилнус се покажа како тест на заложбата на Бајден по преземањето на функцијата за санирање на меѓународните односи на Америка, кои го вклучуваат и НАТО, составен од 31 земја, а формиран по Втората светска војна.

На врвот на агендата во Литванија беше руската војна во Украина, која беснее на прагот на НАТО речиси 18 месеци.

„Нашата посветеност кон Украина нема да ослабне. Ќе се залагаме за слобода – денес, утре и онолку долго колку што е потребно“, изјави Бајден.

Претседателот рече дека светот е на крстопат, а слободата зависи од глобалните сојузништва на Америка. „Се соочуваме со избор меѓу свет дефиниран со принуда и експлоатација, или свет каде што признаваме дека нашиот сопствен успех е поврзан со успехот на другите – кога другите прават подобро, ние правиме и подобро. “, рече Бајден.

Тој додаде: „идејата дека САД би можеле да напредуваат без безбедна Европа, не е разумна“.

Официјален претставник на Белата куќа најави претходно дека во говорот, претседателот на САД ќе ја нагласи „силата на НАТО алијансата и како таа останува сила за глобална безбедност и стабилност“./VOA

Related posts

Камала Харис: Наследството на Бајден во последните три години е неспоредливо во модерната историја

admin

Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа договор за 5 милијарди фунти за инфраструктурни проекти

admin

Повеќе од половина земји на ЕУ ќе бараат фискална флексибилност за зголемени трошоци за одбрана

admin

Турскиот пазар во слободен пад: Протести и најголем пад на берзата од 2008 година

admin

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ДУПЛИРА БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ninja

Беџети: Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза

admin