0.8 C
Скопје
14 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Еди Рама го напушти Опен Балкан: Иницијативата ја заврши мисијата

Премиерот Еди Рама денеска изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила мисијата за која е родена, треба да се навести дека иницијативата е завршена, пренесува Инбокс7.

Рама рече дека „Отворен Балкан“ започна како иницијатива за поттикнување на Берлинскиот процес, кој ќе биде приоритет за регионот. За Еуроњуз Албанија Рама додаде дека првиот Самит годинава ќе се одржи во Тирана.

„Берлинскиот процес сега е наша главна оска. „Отворен Балкан“ беше иницијатива која се роди од потребата да се турка напред Берлинскиот процес, а сега ја исполни мисијата за која е роден. Сега мораме сите капацитети да се втурнеме во Берлинскиот процес, бидејќи ја имаме оваа можност, ја имаме во Тирана. Имаме можност да го поседуваме како процес, со големата поддршка што ја имаме од Германија, од канцеларот Шолц, но и од сите останати.”, рече Рама. “Берлинскиот процес е нашата иднина, се подготвувам за патување во регионот. Сакам да одам да се сретнам со сите премиери и претседатели и во Скопје, во Приштина, во Белград, во Сараево и во Подгорица, да ги информирам што правиме“.

Иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан“, која ги опфаќа Србија, Северна Македонија и Албанија, ја започнаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама во октомври 2019 година.

Иницијативата првично беше наречена „Мини Шенген“ и предвидуваше слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу трите земји. Во јули 2021 година, на Форумот за регионална економска соработка во Скопје, иницијативата доби ново име, „Отворен Балкан“.

Косово од самиот почеток беше против оваа иницијатива, каде премиерот Албин Курти претходно изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ повеќе личи на „Балкан отворен за влијанија од исток“ отколку на иницијатива за заеднички регионален пазар.

Related posts

Стоилковски до Османи: Земи креда и со големи букви напиши – УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА

admin

САД го повикуваат Пекинг да го ублажи одговорот на Иран на војната меѓу Израел и Хамас

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin

„Големото уво“ остана неказнето

admin

Паричникот не им верува на изборните ветувања

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin