17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Голема афера во Косово, се објавуваат прислушувани снимки кои се споредуваат со “бомбите на Заев”

Владеачката партија Самоопределување на Албин Курти се координирала со Српската листа на Горан Ракиќ и Милан Радојчиќ, покажуваат објавените прислушувани разговори помеѓу високи фигури од двете партии, пренесува Инбокс7.

Порталот Национале го објави првиот дел од прислушувањето на разговорите на шефицата на пратеничката група на Самоопределување, Мимоза Кусари-Лила, со пратеникот на Српската листа, Славко Симиќ.

На овие прислушувања реагираше и членот на ААК, Даут Харадинај, кој објавите ги спореди со „бомбите на Заев“, кои беа објавени во вид на прислушување во Северна Македонија пред неколку години и кои таму предизвикаа политички промени.

“За сите оние кои веруваа во националните вредности на оваа власт, утре се чини дека ќе разберат како е одлучено да не се вклучи категоријата ОВК во законот. Овие што Берат (сопственикот на порталот Национале) ги објави денеска звучат како бомбите на Заев пред неколку години. Нема случајности на овој свет. Пред неколку дена кажав дека Курти е опкружен со УДБ-аши.”, напишал пратеникот на ААК, Даут Харадинај.

Опозициските партии ЛДК, ПДК и ААК побара оставка на владата на Курти додека порталот најави дека наредните денови ќе објави уште пошокантни снимки.

Related posts

Пригожин се крена на бунт против Путин, Русија пред граѓанска војна

admin

СКОПЈЕ И СОФИЈА БЛИСКУ ДО ДОГОВОР – ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗМЕНИ УСТАВОТ!?

ninja

СЕВЕРНО КОСОВО: „ВЕЌЕ НЕ СУМ СИГУРЕН ЗОШТО СУМ ОВДЕ“

ninja

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

admin

УКРАИНЕЦ ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ВЛАДАТА ВЕЛИ СÈ Е ПО ЗАКОН

ninja