9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачевски: Границата со Албанија само со едно застанување

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска на граничниот премин Ќафасан го пуштија во употреба One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување, пренесува Инбокс7.

“Со овој концепт овозможуваме благосостојба на нашите граѓани во Северна Македонија и Албанија, посилни економски партнерства и поефикасна соработка меѓу компаниите. Со One-stop-shop придонесуваме и за забрзан регионален економски раст и развој, повисок степен на хармонизација на граничните контроли и поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности”, рече Ковачевски.

Со концептот на интегрирано гранично управување, според него, “исполнуваме уште една обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и Албанија како на регионално така и на европско ниво. Ние промовираме европски вредности и практики како придонес кон наше што побрзо членство во Европската Унија.”

Related posts

Кој ќе одговори за 14-те жртви? СДСМ го брани Филипче, ВЛЕН ги прозва Ахмети и Абази

admin

Касами: Од вчера ние сме партија ВЛЕН

admin

Која држава има најмногу резерви на нафта?

admin

ХЕРСОН ПОВТОРНО ПОД УКРАИНСКА КОНТРОЛА

ninja

Судот и забрани на Марин Ле Пен учество на претседателските избори во Франција 

admin

Момент на ризик и можност: Два прекини на огнот отвораат простор за договор меѓу САД и Иран

admin