29.8 C
Скопје
23 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ескобар: Сакаме да бидете дел од ЕУ, не сум тука да вршам тортура врз некого

„На Европа и на САД им требате во ЕУ“ е дел од денешните пораки на американскиот висок претставник Габриел Ескобар на средбите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

“Не сум во Македонија да вршам тортура врз некого”,  одговори тој на прашањето за коментар за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека власта барала од меѓународните пријатели да се притисне опозицијата да го смени ставот за Уставните измени.

Ескобар е задоволен што отпочнал процесот за уставни измени и очекува да продолжи.

“Европската унија и Соединетите Американски Држави имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер и близок пријател, некој кој имал директна корист од тоа партнерство и вие сакаме да имате корист од тоа партнерство во носењето на тешките одлуки кои ќе донесат посветла иднина”, порача Ескобар за време на посетата на Скопје.

И по средбите на Ескобар со премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, власта и опозицијата останаа на истите спротивставени ставови за уставните измени, според тоа што го соопштија во јавноста.

Ескобар по средбата со неговиот прв денешен домаќин, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека му е мило што во земјава отпочнал процесот на уставни измени во Собранието, се надева дека ќе продолжи.

 

Related posts

СПАСОВСКИ ЗА ТОП НЈУЗ:  Дојавите за бомби се хибридна војна, Руската агресија врз Украина ја торпедираше појавата на лажни вести на едно повисоко ниво

admin

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

admin

Муцунски: Очекувам политичка Влада во Софија со која ќе разговараме на заедничка маса

admin

ЗОШТО АНКЕТИТЕ ГО ВРАТИЈА ГРУЕВСКИ НА „БЕЛ КОЊ“?

ninja

Алис Вајдел е канцеларска кандидатка на АфД

admin

Без легална лиценца, без хидратантски систем, без легална пиротекника…без одговорност!

admin