6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Огромно незадоволство во образованието, учебната година може да почне со штрајк

Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука, во интервју за РСЕ вели дека во образованието се незадоволни од тоа што не им се почитува колективниот договор, од ниските плати, од најавените промени кои се против законот, па постои можност учебната година да почне со штрајк.

“Апсолутно станува збор за огромно незадоволство коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски 10 проценти од страна на владата преку општиот колективен договор. Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме и да ги окрупниме силите за да ја оствариме таа цел. Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори”, вели Гиевски, пренесува Инбокс7.

 

Related posts

Трамп го стави НАТО под притисок: Европа возврати со договори од 50 милијарди долари

admin

Русија го тестираше нуклеарниот проектил „Буревестник“ со неограничен дострел

admin

Висока е поддршката за НАТО во Северна Македонија

admin

НАСА откри мистериозен сигнал од Сонцето што не престанувал 19 дена

admin

Алиу: Предложени измени за продолжување на работниот век во здравството

admin

Обвинителството смирува: Судењата нема да почнат од почеток

admin