15.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Приведен дилер од Сопиште, пронајдена марихуана во вредност од 20 илјади евра

Полицијата вчера приведе 38-годишен дилер од Сопиште, кај кого се најдени четири килограми марихуана вредна 20 илјади евра, соопшти МВР.

„Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка“.

Related posts

Скопје меѓу Београд и Приштина: Ослободување или ексрадиција на Блерим Рамадани

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

16-годишник од Скопје украл мотор, полицијата го враќа на сопственикот

admin

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

ninja

Отишол во авто сервис во Чаир и со тврд предмет нападнал четири лица

ninja

Приведено лице барано со потерница

admin