17.1 C
Скопје
23 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скандалозен прекин на емисијата “Само вистина”, Мирчевски го избрка Рамадани од студиото

Директорот на националната телевизија Канал5, Иван Мирчевски, среде емисијата „Само вистина“ бил известен да го исклучи од емисијата аналитичарот и поранешен пратеник Исмет Рамадани, јавува Инбокс7.

Причина за ова беше забелешката на Рамадан кон модераторот на емисијата дека употребува имплицитен јазик против Албанците.

„Во име на целата телевизија Канал 5, директорот на телевизијата Иван Мирчевски учествуваше во програмата „Само вистина“, во која поранешниот пратеник Исмет Рамадани не обвини дека во програмата има етничка дискриминација на Албанците, нешто што не постоеше на Канал 5. Мирчевски му порача на Рамадани дека е сосема неприфатливо ни да се помисли на такво нешто, бидејќи телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниту еден начин не се дискредитирани, а уште помалку дека имало некаква дискриминација“, се вели во соопштението на телевизијата.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 телевизија, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и модераторот новинар Александар Видиновски како и колегата поканет во емисијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата “Само вистина.

МАН оценуваат дека „политичарот и советник на власта Исмет Рамадани неосновано ги обвинил за предизвикување меѓуетничка нетрпеливост“.

“Исмет Рамадани со етикетирање на етничка основа ја загрозува безбедноста на новинарите кои учествуваат во дебата, како и на ТВ Канал 5“, се вели во реакцијата.

Новинарот Љуљзим Азири, пак, го осудува потегот на Мирчевски кон Рамадани.

“Сопственикот на Канал 5 го третира својот медиум како трафика – кога сакам ја отварам, кога сакам ја затварам. Им диктира на новинари да прекинуват емисија, без да води грижа дека тоа е неприкосновено право на самиот новинар!
Овој е случај за АВМУ, за СЕММ и за суд!
Феудализам!”, напиша Азири на неговиот фејсбук профил.

Инаку, говорот на омраза од измените на Кривичниот законик во 2024 година се смета за кривично дело.

 

Related posts

Иран најавува пораст на цената на нафтата до 200 долари по барел

admin

Запознајте ја Мира Мурати, инженерката која сега го води OpenAI

admin

Османи-Ескобар: Блокадата на уставните измени има голема цена

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin

Муцунски: Билатералните спорови ја кочат европската интеграција на Северна Македонија

admin

Ганиу удри по Арсовска: Ѓубрето назад кај тие што го заборавија Чаир!

admin