20.8 C
Скопје
15 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

Соединетите Држави го означија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неподен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, пренесува Гласот на Америка.

„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во изјавата се вели дека „Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“.

Покрај Анѓушев, Стејт департментот за неподобни за влез во САД ги означи и сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен.

Претходно во ноември, Стејт департментот воведе санкции за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко, Ратка Камчева, како и „Бет Сити Интернешнл“, „Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ“, „Орка Фајненс Скопје ДООЕЛ“, „Орка Холдинг АД“ и „Систина Лајф Кеар Сентар“.

Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Камчева беа санкционирани за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка или стоки или услуги, или за поддршка на Јордан Камчев, лице, чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.

Related posts

Што ќе се случи ако Бајден се откаже од претседателската трка?

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin

Албанија инсталираше „софистицирана“ мрежа на камери долж границата со Косово

admin

ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ИСТИ БЕНЕФИЦИИ КАКО ПОЛИЦИЈАТА

ninja

Во Струга претепан етнички Бугарин, партии во Софија бараат активирање на ветото за РСМ

admin

Суперјахта на Џеф Безос се закотви во Драч

admin