21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Путин бара остар одговор на странските служби кои сакаат да ја дестабилизираат Русија

Рускиот претседател Владимир Путин повика на решителен одговор на странските специјални служби кои, според него, се обидуваат да ја дестабилизираат Русија „помагајќи му на украинскиот режим“.

„Режимот во Киев, со директна поддршка од странски специјални служби, тргна по патот на терористичките методи, практично тоа е државен тероризам“, рече Путин во видео обраќање по повод Денот на припадниците на безбедносните служби.

Тој додаде дека станува збор за „саботажа на цивилни згради, транспортна и енергетска инфраструктура, напади врз цивили и владини претставници“.

Бројни саботажи на железницата во Русија и напади со беспилотни летала му се припишуваат на Киев од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, пренесува Бета.

„Треба да се запрат обидите на странските специјални служби да ја дестабилизираат политичката и социјалната ситуација во Русија“, рече Путин.

Тој додаде дека безбедносните служби немаат лесна задача, но оти имаат потенцијал да ја обезбедат безбедноста на државата, општеството и граѓаните на Русија.

Related posts

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

ЕУ размислува за одговор на можните санкции на САД

admin

Груби најавува голема инвестиција од Белгија, 600 нови работни места со над 900 евра месечна плата

admin

Дали Минхенската безбедносна конференција ќе биде почеток на крајот на војната во Украина?

admin

Голема истрага на ФБИ – на градоначалникот на Њујорк на улица му се одземени телефони

admin

Камала Харис со зголемено водство пред Трамп, покажа нова анкета

admin