18.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

Доказите прибавени во досегашната истрага за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес се совпаѓаат со сведочењата на осомничените коишто се во притвор. Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека „материјалните докази коишто се испитуваат зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“,  јави ДВ. 

„Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал, конечно ќе се произнесеме со обвинение. Во однос на истрагата, се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, изјави обвинителот.

Со досегашната истрага се опфатени шестмина, од кои првоосомничен е Љупчо Палевски – Палчо, кој е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција во земјата. Турските власти информираа дека тој ќе остане40 дена во екстрадициски притвор. Сомнежите се дека тој извршил „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, во што му помогнале и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, како и возачот кој го пренел Палевски од Србија во Турција.

Бубевски вели дека се анализираат материјалните докази и се правицелосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.Петнаесетина дена по обелоденувањето, случајот се уште ја вознемирува јавноста. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември. Парите се наведуваат како мотив за двојното убиство.

Во јавноста се појавуваат бројни информации за случајот коишто не се официјално потврдени. МВР во повеќе наврати апелираше да не се шират дезинформации коишто би можеле да и наштетат на истрагата.

 

Related posts

Страницата 47 открива дека ДУИ лажно се шокира

admin

Има ли листа на бугарски државјани на кои им е забранет влез?

admin

ШИРОКО СЕ ОТВАРААТ ВРАТИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НА КОРУМПИРАНИТЕ

ninja

Пит Хегсет вети промени во војската на САД

admin

Агелер: Целта на САД е да ја поддржат РСМ

admin

Германската градежна индустрија: Намалувањето на квотите за работници од Балканот е штетно

admin