16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Предизборни вработувања: Врие од огласи, се бараат “гласачи”

Повеќе од 500 административци се бараат на огласите распишани во последните денови од минатата и во првите од годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација, јавува Радио Слободна Европа. Опозицијата обвинува за предизборен поткуп, власта, пак, вели дека има реална потреба од нов кадар во јавната администрација.

На почетокот на годината најголем работодавец е Владата, која во два огласи бара 69 административци, потоа следува Дирекцијата за спасување, која преку два огласа бара 49 службеници, Министерството за образование вработува 40 службеници, Центарот за управување со кризи има оглас за 28.

Огласи за вработување има и во Агенцијата за вработување, во Државната изборна комисија (ДИК), во Регулаторната за енергетика (РКЕ) и во други агенции и дирекции. Платите се движат од околу 22 илјади, колку што е минималната до највисоката во РКЕ, каде платата е околу 56 илјади денари.

Годината само што почна, а веќе се распишани огласи за вработување на повеќе од 300 административци.

На огласите, распишани во последната недела од минатата година, пак, се бараа повеќе од 200 административци. Огласи имало објавено и во саботата, на 30 декември.

Платите зависат од работната позиција, па се нудат работни места и за минимална плата, а во некои институции платите достигнуваат и од неколку десетици илјади денари.

Од Министерството за финансии велат дека дел од актуелните огласи за вработување административци се за луѓе кои работеле на определено време, за кои веќе се плаќаат пари и придонеси и тие треба да добијат договор за неопределено, но мора да се распишан огласи.

Related posts

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

admin

Тешки борби избија околу болницата во северна Газа

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Има ли корупција во договорот со „Бехтел и Енка“?

admin

ЕУ ОЧЕКУВА СРБИЈА ДА СЕ АКТИВИРА ВО БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

ninja

Косово слави 25 години од НАТО интервенцијата

admin