8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стари фотографии употребени за ширење паника, омраза и лажни вести

Како ќе се патува во Грција? Дали сообраќајна дозвола со Република Македонија може да биде прифатена од грчките граничари? А како е со лепенките на регистарските таблички? Ова се бројните прашања што деновиве се поставуваат на социјалните мрежи, по дополнителната забуна, па и паника што ја внесе фотографија од вандализирано возило каде се гледа прелепена регистерска табличка со голема налепница со порака: „Вие не сте Македонци, вие сте Словени – Македонија е Грчка“. Оваа фотографија ја објавија со кратка вест повеќе медиуми, вклучително и две национални телевизии.

Само што медиумите не објавија дека фотографијата е стара осум години од 2016 година и повторно рециклирана во 2018 година и 2019 година. Фотографија повторно е употребена деновиве, за да се додаде уште малку масло на огнот во целиот хаос со личните документи.

Објава од грчки портал

Скандал: Во Грција покриена и ознаката НМК на регистарските таблички“ е насловот на текстот објавен деновиве, под кој се додава: „Во Грција не „минува“ ниту НМК на регистарските таблички“. Во објава на интернет медиум покрај овие информации што ја следат фотографијата со пораката,  на крај се додава:

„Не е познато како на овој голем скандал ќе реагира министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и други високи функционери во Владата. Па нели имаме договори за добрососедство и ние ги исполнивме и најтешките обврски?“.

Фотографијата не е фотомонтажа, туку такви налепници навистина беа евидентирани на македонско возило во Грција, но во 2016 година, 2018 година и 2019 година, кога весникот Нoва Македонија сподели фотографија од летувалиштето Калитеа, едно од омилените места за одмор на македонските граѓани, во текст во кој се вели дека Македонците што биле цел на навредите со налепницата, сметаат дека станува збор за организирана кампања насочена против нив, во екот на туристичката сезона.

Втората фото-дезинформација е употребена за да се дискредитира еден од кандидатите за претседател на државата. На фотографијата од заедничка средба во Букурешт на собранието на Европската народна партија е Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ и европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев, прогласен за персона нон грата во Македонија, познат по своите антимакедонски ставови.

Први реагираа од СДСМ во соопштение во кое се вели дека „Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, АСНОМ, Миладинови, против македонската култура. Во соопштението се потсетува дека „Ковачев е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата“.

Споделената фотографија е од 20 март 2019 година од Собранието на Европската народна партија, која ги обединува десничарските партии во Европа. Ковачев е европратеник од редовите на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, сестринска партија на ВМРО ДПМНЕ.

Самиот Ковачев ја споделува фотографијата со Силјановска – Давкова на својот Фејсбук профил, на објавата, која и сега може да се најде. Ковачев информира за средбата на политичкото собрание во Брисел, додавајќи дека не може да ѝ даде поддршка како кандидат и објаснува зошто.

„За жал, г-ѓа Силјановска-Дафкова сподели со мене дека има многу забелешки за договорот со Бугарија и има различно мислење за историјата. Искрено жалам што негативниот однос кон Бугарија, наследен од времето на комунистичка Југославија и засилен во времето на Никола Груевски, сè уште доминира над главите на многу луѓе во Македонија“, пишува Ковачев.

На употребата на старата фотографијата реагираше и ВМРО ДПМНЕ, со очекување СДСМ да се извини, додавајќи дека во 2019 година, Силјановска Давкова имала случајна средба со Ковачев на „еден од заедничките европски настани“.

„Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“, информираат од ВМРО ДПМНЕ.

Related posts

Хибридните напади се безбедносен ризик за институциите

ninja

СДСМ: Мицкоски и неговата партија не направиле ништо за Резолуцијата на Бундестагот

admin

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin

Ќе наплаќа ли Фејсбук за негово користење?

admin

СДСМ предлага законски измени и за партиите

ninja

КФОР најавува повлекување од општините на северно Косово

admin