19.5 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

Не е точно дека Европската Унија не ја сака Македонија како своја членка, ниту пак дека земјата не е способна да биде дел од Унијата. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде од корист за сите – порача евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот кој го организираше македонското МНР со дипломатскиот кор по повод четиригодишнината од членството на земјата во НАТО, јави Дојче Веле на македонски јазик.

„Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив“, рече Гир. Тој оцени дека „вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на Унијата, или затоа што таа не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од ЕУ. Ниту едно од овие тврдења не е точно“, дециден е Гир.

Патот кон ЕУ е пат на просперитет, стабилност, зајакнување на демократските вредности, поради што тој ја поттикнува Македонија да се придвижи што е можно побрзо на патот кон евроинтеграцијата.

Според шефот на македонската диломатија, Бујар Османи интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. „Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан“, рече тој.

Според Османи, сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси. „Сега, повеќе од кога било, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста. Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни“, рече Османи.

Related posts

RSE: „Воени“ правила за работниците во кинеска компанија во Србија

admin

ССМ на протест во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

admin

ИЗДАДЕНА ДЕВЕТТА ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОТПЛАТА НА СТАРИ ДОЛГОВИ

ninja

Американски функционери го критикуваа Берлин поради класификацијата на АфД како десноекстремна партија

admin

Алијанса за Албанците ја обвини ВРЕДИ за поддршка на законот за игри на среќа, предупредува на последици врз младите

admin

Нова финансиска инјекција: 5 милиони евра за жени и млади претприемачи

admin