Признавањето на Украинската православна црква – Московска Патријаршија (УПЦ-МП) од страна на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) доаѓа само еден месец по одлуката на Украинскиот парламент да ја забрани истата заради убедувањата дека служи како продолжена рака на Руската православна црква (РПЦ). Со овој чин, Киев ја признава само Православната црква на Украина (ПЦУ), која неодамна доби признавање од Вселенската Патријаршија.
Марјан Николовски, новинар и експерт за религиозни прашања, е убеден дека одлуката на МПЦ-ОА е поттикната по одлуката на Парламентот во Киев.
„Ако се гледа по времето кога реакцијата доаѓа, а тоа е речиси еден месец по одлуката на Украинскиот парламент, тогаш сосема јасно е дека некој во овој период барал МПЦ-ОА да се изјасни и токму во овој контескт, на поддршка на проруската црква во Украина. Одлуката е секако по иницијатива на проруското крило во МПЦ-ОА“, вели тој за Инбокс7.
Но, Николовски додава дека „ако се анализира содржината на соопштението ќе се види исто така дека таква одлука и таков став на МПЦ-ОА е изнуден„.
„Иако ставот е за поддршка на УПЦ-МП, сепак тоа соопштение е доста испрано и има чисто протокалер формат. Сигурно одредени владици сакале многу подиректна форма и големи хвалоспеви за УПЦ-МП, но претпостаавувам дека овој став, ова соопштение е работено по координација од повеќе страни”, подвлекува тој.
Но како и да е, вели Николовски, „ставот на МПЦ-ОА, да даде поддршка на проруската црква во Украина, оценувајчи ја само нејзе како канонска, а на тој начин негирајќи ја автокефалната православна црква во Украина, доби голем одек во грчката црковна јавност“.
„Иако на Вселенската патријаршија и е јасно поради кои мотиви МПЦ-ОА го прави ова, сепак мислам дека на долг рок таа нема да има голема толеранција, затоа што ова не е прв пат, МПЦ-ОА, црква со сеуште недефиниран административен стаус во православниот свет, да ја одбира проруската страна во црковниот спр во Украина. Украинскто црковно прашање секако е многу важно за Вселенската патријаршија и таа од МПЦ-ОА ќе очекува одговорно однесување. Впрочем премногу арогантно е да очекувате Томос за автокефалност од Всленската патријаршија, а да го негирате Томосот за автокефалност од Вселенската патријаршија во Укарина. Некултурно е!“, оценува Николовски
На Руската црква, според него, не и треба МПЦ-ОА заради некаква бројка. Тој вели дека Руската црква има друг план со МПЦ-ОА, а тоа е идентичен план како што го има со Украинската црква во Украина.
„Руската црква размислува империјалистичко територијално и во тој контекст беше и една од последните изјави на рускиот патријарх – Се што е територија од Советксиот сојуз е јуриздикција на Руската црква и таа ја има власта. Како ќе ја уредува внатре е нејзино право и затоа одбива Вселенската патријаршија да учествува во легитимирањето на аветокефаниот статус, како што тоа го правела низ целата историја. Напротив Руската црква смета дека внатре во својата јуриздикција а тоа е територијата на Советскиот сојуз е исклучиво нејзина надлежност. Така Руската црква утре може да создаде и автокефална и автономна и самостојна црква, но во своите граници. Тоа е модел на федерација на цркви“, вели Николовски.
Но, зошто сега и треба поддршката на МПЦ-ОА?
„Па затоа што тој модел го експериментира со МПЦ-ОА. Територијата на поранешна југославија е јуриздикција на СПЦ. А СПЦ веќе додели лажен Томос за автокефалност на МПЦ-ОА. И затоа е обидот да се спречи Томос од Вселенската патријаршија. За да МПЦ-ОА остане внатрешно прашање на СПЦ. Автокефална црква во рамките на јуриздикцијата на СПЦ. По тој модел, на федерација на цркви, можна е утре и Црногорска автокефална црква, па и Косовска автокефална црква, секако во федрацијата на СПЦ“, вели Николовски.