8.8 C
Скопје
16 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Демократи или републиканци: Каква американска политика може да очекува Северна Македонија после изборите во САД?

Изборите во САД и нивно влијание врз Северна Македонија За Северна Македонија сеедно е кој ќе победи на изборите во САД, бидејки Америка има константна политика кон земјата, сметаат поранешни функционери. 

Во последните 20 години, американската политика кон Северна Македонија е константна, и кога републиканците беа на власт и сега со демократите, односот е ист, вели Емил Кирјас, поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој не очекува дека ќе има драстични промени со доаѓањето и на идната адмнистрација во Белата куќа.

„Македонија останува стратешки партнер, Македонија има важна улога на балканскиот полуостров и е важно за САД, Македонија да задржи прозападна и проатланска ориентација“, вели Кирјас.

Важно е за САД Македонија да задржи прозападна и проатланска ориентација
Емил Кирјас, поранешен државен секретар во македонската влада

И за поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, победата на претседателските избори, на кој и да било од двајцата кандидати нема да промени многу во односот кон земјата.

„Сигурно е дека многу работи нема да се сменат во однос на Западен Балкан и Северна Македонија, бидејки знаеме дека американските надворешни политички ориентации се јасни, стабилни и нема промена од еден до друг правец. Едноставно нашето партнерство со САД ќе продолжи било кој од двајцата кандидати да победи“, вели Ружин.

На прашањето, која политика и е поблиска на Северна Македонија, онаа на републиканците или на демократите,еве што велат тие.

„Со победата или на Демократите или на Трамп на Републиканците, нема да има големи промени во нашиот балкански микрокосмос. Само знаеме дека ако стане Трамп, за него Америка пред се е главен фокус, едем мал изолационизам. Доколку Харис дојде на власт, тоа значи дека би имало продолжување на политиката кон ЕУ и кон војната во Украина, а сите очекуваат одредени промени во политиката кон Блискиот исток“, посочува Ружин.

Со победата или на Демократите или на Трамп на Републиканците, нема да има големи промени во нашиот балкански микрокосмос
Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО

„Ако се гледа генералната политика на поставеност и начинот на говор, начинот на политика која се предлага и начинот на однесување на меѓународната сцена, за Македонија секако би било подобро Камала Харис да биде во Белата куќа, што незначи дека доколку Трамп биде повторно избран на овие избори, дека за Македонија нема да настанат добри моменти, зависоно од се како ќе се воспостават глобалните текови. Но тоа е ризик“, вели Кирјас.

Го прашавме Кирјас зошто смета така.

„Пристапот на поранешниот претседател Трамп е сосема различен. Неговиот пристап е народски кажано ‘Сила Бога не моли’. Во таква консталација за Македонија тоа е лоша порака. Затоа што како мала земја, не е геостратешки важна, во опкружување каде соседите се поважен партнер на САД. Во такви услови за Македонија е многу лошо да се воспостави политика на победа на посилниот, а не на правото“, додава Кирјас.

Изборите во САД се закажани за 5-ти ноември. /VOA

Related posts

Бајден останува во трката за претседател на САД

admin

Тасевски: Упадот во Контролата за летање е рамно на тероризам

admin

БОЖЕМ „ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИОТ“ МАНЧЕВСКИ САМИОТ ПРОГОНУВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМАЏИИ?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска

admin

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

admin

Не симнувај апликација за Вештачка Интелигенција без да го прочиташ ова

admin

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja