8.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стабилна влада во Софија за конструктивно решение со Скопје

За конструктивно решение за деблокада на интеграцискиот пат на Северна Македонија, согласност треба да даде и Софија, а тоа ќе биде тешко без стабилна влада во Бугарија.

Со осум партии кои влегоа во бугарското Собрание по парламентарните избори минатиот викенд -втори по ред годинава, и седми во период од три години – повторно е неизвесно дали ќе се формира влада во Софија. Парламентарната математика покажува дека ќе биде нужна трипартитна коалиција за да се обезбеди мнозинство, но партиите кои го имаат најголемиот потенцијал за тоа имаат и свои услови и црвени линии, а тоа се истите услови поради кои ни по претходните изборни циклуси не успеаја да се усогласат.

Од тоа дали Бугарија ќе добие влада, зависи и дали Северна Македонија ќе добие соговорник за решавање на спорните прашања кои го засегаат нејзиниот  евроинтергациски пат.

Мицкоски во пресрет на изборите кај источниот сосед одговарајќи на новинарско прашање изјави дека со партијата ГЕРБ, предводена од Бојко Борисов, се во исто семејство – Европската народна партија.

„И логично е да посакам уште една политичка партија којашто доаѓа од нашето семејство да победи на изборите. Би било нелогично ако се однесувам како што се однесуваа во минатото некои од лидерите на партиите коишто се дел од нашето семејство, Европската народна партија, кои помагаа и соработуваа со левичарски политички опции, вклучително и овде кај нас во Македонија“, рече Мицкоски.

Иако не спомна поименично, очигледно е дека алузијата се однесуваше на соработката на ГЕРБ со СДСМ.

Да се разговара на рамноправен начин

ГЕРБ е победничка партија на изборите, но нејзиниот изборен скор не е доволен за состав на влада. Прашањето – кои политички субјекти во евентуална коалиција би биле подобри соговорници за РСМ, губи значење, со оглед дека позицијата на официјална Софија кон Скопје е резултат на меѓупартиски консензус заверен во Народното собрание.

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, смета дека ситуација сега ќе биде уште покомплицирана.

„Тоа што мене искрено ме загрижува, како политичар од држава која е сосед на Република Бугарија, е што во овој состав на бугарскиот парламент влегуваат – и тоа со сериозна бројка – три политички партии коишто припаѓаат на радикалната десница, антиевропски настроени“, рече тој на ТВ Сител.

Сепак, нагласи дека пречките на напредокот на земјава кон ЕУ тој не би ги поврзувал директно со политичката фрагментираност во Бугарија.

„Сметам дека проблемот во Македонија е настанат во моментот кога во Бугарија имаше стабилни влади, но за жал, во Македонија владата прифатила услови со кои создала пречка за сите идни влади во Македонија. Затоа сметам дека со потпишувањето на тој фамозен втор протокол од страна на поранешниот министер Бујар Османи заедно советуван со Ковачевски, Маричиќ и другата група на поранешни раководители на надворешната политика, го направија најголемиот проблем кога дозволија Македонија да влезе во лавиринтот на билатерализација на историски прашања кои

Македонскиот план звучи логично

Дали иднатата влада во Софија, од каде досега стигнуваа пораки дека адресата за разговори на Скопје е во Брисел, и дека нејзиниот пат кон ЕУ води единствено преку исполнување на веќе преземните обврски, би ретерирала од тој став?

Во моментов меѓу власта и опозицијата во РСМ постои и разногласие по прашањето – дали во Брисел ги разбираат и прифаќаат стравувањата на РСМ дека уставните измени нема да бидат последно барање на Софија, поради што домашните власти предлагаат заштитна формула преку решение за одложена примена на уставните измени.

„Според мене, она што беше добиено како порака од посетите на владината делегација во Берлин, е дека македонскиот план звучи логично, има аргументи и истиот наидува на разбирање кај поголем дел од соговорниците во рамки на ЕУ“, вели Милошоски.

„Но мора да се напомене дека за истото треба да даде согласност и официјална Софија. Затоа би било добро во Софија да има стабилна влада за да може да се разговара на еден рамноправен начин и да се добие одредена конструктивна варијанта на напредувањето кон ЕУ“, посочува тој.

Се бара решение

Зекирија Ибрахими, претседател на партијата Алтернатива која е дел од владејачката Вреди, вели дека кај ВМРО-ДПМНЕ има интерес за спроведување на уставните измени.

Урсула фон дер Лајен Христијан Мицкоски

И на средбата со Урсула фон дер Лајен во Скопје е разговарано како да се најде решение за да се одблокира патот на европските интеграции Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Од информациите кои ги имам јас, а се сметам за добро информиран од причина што го имаме  министерот за евроинтеграции  кој доаѓа од редовите на Алтернатива, господинот  Орхан Муртезани, има огромен интерес тие измени да се направат многу брзо. Ова ‘многу брзо’ може да биде прашање на месеците до крајот од годината или на почетокот од следната. Тоа што е побарано од нашите сојузници  на самитот во Берлин  и на средбата со Фон дер Лајен во Скопје е – како да се најде решение за по спроведувањето на уставните измени, да нема повеќе случаи каде може да се блокира земјата  на патот на европските интеграции“,  изјави Ибрахими за ТВ 21.

Тој потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ бара решение кое ќе биде гаранција против евентуални идни вета.

„Значи, ВМРО нема проблем со спроведувањето на уставните измени,  затоа што на сите средби со нашите западни сојузници е речено дека не може да се направи ниту еден чекор кон европските интеграции доколку не се спроведат уставните измени. На ВМРО ова им е јасно, затоа што ова не е став на Бугарија, туку на сите земји членки на ЕУ. И проблемот на ВМРО е сега, во ред, доколку ги направиме уставните измени која е гаранцијата дека нема да има понатамошни вета“, рече Ибрахими. /DW

Related posts

ЕУ ќе купува оружје за Украина и ќе забрани руски медиуми

ninja

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja

Претседателка на синагогата во Детроит пронајдена смртно избодена

admin

ЕУ: КОРУПЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е СЀ ПООЧИГЛЕДНА

ninja

Како дојде до распад на германската владеачка коалиција

admin

Сиљановска: Нема да ја користам придавката “Северна”

admin