10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Анализа на РСЕ: Цените ја „згазија“ минималната плата, за повисока ќе се почека

Минималната плата во Северна Македонија не е доволна за покривање на основните животни трошоци, покажуваат анализите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и сведочењата на граѓаните. Според ССМ, вредноста на минималната потрошувачка кошничка во јануари достигнала 63.252 денари, што е зголемување од 6.000 денари во однос на истиот период лани. Само за храна и пијалаци на четиричлено семејство му биле потребни 23.198 денари – 2.000 денари повеќе од јануари 2024 година.

„Кога ќе излезам од продавница, повторно ја пресметувам фискалната сметка. Сумата секогаш е повисока од очекуваното. Три производи – доволни за еден ручек – чинат најмалку 1.000 денари“, вели скопјанката Милена М., опишувајќи ги предизвиците во справувањето со растечките трошоци за живот.

Во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), економистот Бранимир Јовановиќ оцени дека Владата покажува незаинтересираност за вистинско решавање на прашањето со минималната плата. „Наместо активно да се вклучи, Владата вели дека ќе прифати сѐ што ќе договорат работодавачите и синдикатите, а знае дека тие никогаш нема да постигнат договор. Во меѓувреме, платите стојат, цените растат, а работниците едвај преживуваат“, изјави Јовановиќ.

Минималната плата во земјата изнесува 22.567 денари, што е под нивото на трошоците за основни потреби. Работодавачите и синдикатите имаат различни ставови за решавање на проблемот. ССМ бара минималната плата да се зголеми на 450 евра, додека Стопанската комора на Северозападна Македонија предлага зголемување на 500 евра, но со замрзнување на придонесите.

Одлуката за евентуално зголемување на минималната плата ќе зависи од Економско-социјалниот совет, чија седница сè уште не е закажана.

Related posts

БОРИСОВ – ГЛЕДАМ ОБИД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ

ninja

Пациенти пријавиле мито, игнорирање и несоодветен третман во здравствени установи – 39 поплаки во првата недела од новата платформа

admin

Пендаровски: ЕУ ги смени правилата – проширувањето веќе не е според критериуми, туку според геополитика

admin

500 СТРАНИЦИ ЗАТЕМНЕТИ: Демократите го притискаат Трамп – Што се крие во досиејата за Епстин?

admin

Истражување на РСЕ: До каде се истрагите за милионските корупциски афери?

admin

Дали Заев гради кула од 82 ката во Дубаи?

admin