34.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Почитување на правата на Македонците во Бугарија — тест за европските вредности

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека правата на македонската заедница во Бугарија треба да се почитуваат врз основа на пресудите на Европскиот суд за човекови права, додавајќи дека сите граѓани треба да ја поддржат оваа заедница во нејзините напори за признавање.

„Повикувам на меѓународното право и Конвенцијата за заштита на правата на заедниците. Македонската заедница во Бугарија има 14 пресуди од Судот за човекови права во своја полза, а ние како граѓани треба да дадеме поддршка. Во 21 век, во земја членка на ЕУ, ваквото право сè уште не може да се оствари,“ рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Тој истакна дека ваквото прашање не е мешање во внатрешните работи на Бугарија, туку прашање на почитување на човековите права, додавајќи дека Бугарија, како ратификатор на Резолуцијата за заштита на човековите права и како партнер во НАТО, има обврска да ги почитува тие права.

Премиерот изрази жалење што новиот министер за надворешни работи на Бугарија не ја препознава важноста на добрососедските односи како темел на европската перспектива.

„Ние ќе продолжиме да функционираме во НАТО и ќе останеме тука, како што и нашите сограѓани ќе останат во Бугарија. Наша цел е да градиме добрососедски односи, но кога станува збор за вистината, должност ни е да ја коментираме,“ изјави Мицкоски.

Во врска со европската интеграција на Северна Македонија, Мицкоски нагласи дека полноправното членство во Европската унија останува стратешка цел на државата.

„Македонските граѓани очекуваат вистински пат кон ЕУ, темелен на Копенхашките критериуми и систем базиран на заслуги, а не на билатерални спорови. Не смееме да дозволиме европската иднина да биде зависна од прашања што потекнуваат од средниот век,“ додаде премиерот.

Мицкоски одби да ја коментира изјавата на евроамбасадорот Михаел Рокас за засилената дипломатска активност околу деблокадата на пристапниот процес на земјата кон ЕУ, наведувајќи дека можна деблокада може да се случи во секое време, но дека тоа не зависи од Северна Македонија, туку од други фактори. За повеќе информации ги упати новинарите да се обратат директно до евроамбасадорот.

 

Related posts

Скопје – Атина: Затишје пред бура

admin

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

admin

Законските измени во образованието ќе ја уназадат борбата против дискриминација

admin

Партиите против закон за „победник со победник“ по калап на Ахмети

admin

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin