21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Нова авиолинија: „Туркиш ерлајнс“ воведува четири летови неделно меѓу Истанбул и Охрид

Со свечено пречекување на првите патници на охридскиот аеродром, турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ официјално ја стартуваше новата авиолинија меѓу Истанбул и Охрид.

Летовите ќе се одвиваат четири пати неделно – во понеделник, четврток, петок и недела. Компанијата ќе користи авиони „Ербас A321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

Според надлежните, оваа линија ќе има значително влијание врз развојот на туризмот и економијата во Северна Македонија.

На свеченото пристигнување присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“ Серкан Каптан, извршниот директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор во земјата Фатих Улусој.

 

 

Related posts

Кој ќе ги вкрсти копјата со Таравари?

admin

КОЈ Е МИРОВНИОТ ПРЕДЛОГ НА КИНА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

admin

Политичко или егзистенцијално барање – Владата и Синдикатот на различни страни околу 450 евра минимална плата

admin

Драма во САД: Членови на Конгресот спречени да влезат во Министерството за образование

admin

Германија: Бизнис модел на „лажен татко“

admin