10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Гаши: Мнозинство е стабилно, нема потреба од нови избори

Парламентарното мнозинство во Северна Македонија останува стабилно без оглед на превирањата во рамки на коалицијата ВРЕДИ, изјави во неделата претседателот на Собранието Африм Гаши, додавајќи дека нема потреба од распишување вонредни парламентарни избори.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Гаши нагласи дека и покрај можните промени во составот на Владата и Собранието, парламентарното мнозинство е сигурно и треба да го издржи мандатот до редовниот термин за избори.

„Мнозинството е многу стабилно, имаме околу две третини. Локалните избори што следуваат не треба да се мешаат со работата на централните институции“, рече Гаши.

Во однос на натамошната соработка со Алијансата за Албанците, Гаши изјави дека одлуките ќе ги донесат лидерите на коалицијата ВЛЕН, кои најавиле окрупнување во една политичка партија. Тој додаде дека што и да се случи, промените нема суштински да влијаат на политиките на централно ниво.

„Граѓаните сакаат стабилност. Со окрупнување на ВЛЕН ќе покажеме дека проектот е долгорочен“, истакна Гаши.

На прашање за евентуално приклучување на поранешниот лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, Гаши рече дека тоа прашање не е во негова надлежност.

Оценка за работата на Собранието

Оценувајќи ја работата на Собранието една година по неговото формирање, Гаши оцени дека е постигнат напредок во функционалноста, транспарентноста и парламентарната дипломатија.

„Не можеме одеднаш да ја промениме негативната перцепција која се наталожуваше три децении, но отворивме канали за позитивни промени“, рече тој.

Гаши додаде дека целта е на крајот од мандатот граѓаните да бидат горди на институцијата.

Кочани и критиките за односот кон трагедијата

Во врска со критиките по одлуката на Собранието да не одржи комеморативна седница по трагедијата во Кочани, Гаши истакна дека одлуката е донесена по консултации со сите координатори, со цел да се избегне политизација на настанот.

„Не треба да се сведе на мислење на еден човек или една политичка партија“, нагласи тој.

Европска интеграција и уставни измени

Гаши одби да го коментира ставот на премиерот Христијан Мицкоски за уставните измени, но подвлече дека сите албански партии, вклучително и ВЛЕН, остануваат силни поддржувачи на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

„Мораме да внимаваме на меѓуетничките односи како клучен столб на стабилноста во државата“, рече Гаши.

Тој додаде дека без оглед на застојот во уставните измени, владата интензивно работи на реформската агенда, вклучувајќи и усогласување на судската легислатива.

Закон за правична застапеност 

Гаши најави дека новиот закон за правична застапеност, кој ќе го замени таканаречениот „балансер“, најверојатно ќе биде предложен до крајот на април.

„Работиме интензивно за законот да ги помине сите филтри на уставност и експертска проверка“, рече тој.

Во делот на реформите во судството, Гаши рече дека веќе се работи на измени на Кривичниот законик и Законот за електронски комуникации, за да се обезбеди втората транша од Планот за раст на Европската Унија.

Одговарајќи на прашање за огласот за ново лого на Собранието, Гаши рече дека процесот на ребрендирање е само мал дел од пошироките напори за дигитализација и модернизација на законодавниот дом.

 

 

Related posts

Вучиќ најави оставка: Ќе бидам претседател уште неколку недели

admin

ДУИ повторно на протест против Тито: „Историјата не се брише“

admin

Хадад во Сараево: Младите од Западен Балкан треба да бидат креатори на европската иднина

admin

КУРТИ- ИЗЈАВИТЕ НА ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНА И ВОЕНА АГРЕСИЈА

ninja

ДУИ алармира: Дизелот поскапе за над 20% за еден месец, следува нов бран поскапувања

admin

Бугарски аналитичар: „Бугарија ја загуби битката со Скопје“

admin