33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Дурмиши од ВЛЕН: 10.000 евра за секој млад кој отвора бизнис

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска објави дека Владата го усвои оперативниот план за вработување за 2025 година, со рекорден буџет од 40 милиони евра. Планот предвидува вклучување на 16.507 лица преку директни мерки за вработување, самовработување и обуки според потребите на пазарот на труд.

Една од клучните мерки е поддршката за младите на пазарот на труд: 10.000 евра ќе им бидат доделени на млади лица до 29 години кои ќе отворат сопствен бизнис, а до 20.000 евра ќе добијат двојки млади основачи кои заеднички ќе стартуваат бизнис. Компаниите кои вработуваат млади ќе добијат и по 250.000 денари за секое ново работно место.

„Новина оваа година е подмерката за поддршка на самовработување на млади без работа до 29 години, со финансиска помош од 10.000 евра без враќање за основање бизнис. Ова е рекордна сума досега и е наменета за поттикнување на младите да го реализираат својот претприемачки потенцијал во државата“, рече министерот Дурмиши.

Related posts

Мицкоски се поврзува со ист број на финансиски скандали колку сите негови заменици заедно

admin

ШОЛЦ ОД ПУТИН БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСИЈА ОД УКРАИНА

ninja

Дали „Европа со повеќе брзини“ ќе забави на Западен Балкан?

admin

Во само една акција Сингапур конфискува имот вреден над 2 милијарди долари

admin

Што би предавал Груби на ДУТ?

admin

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin