11.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија добива милијарди од Британија – дали ова е план Б за ЕУ?

Обединетото Кралство и Северна Македонија во Лондон потпишаа меѓувладин договор кој предвидува финансирање и техничка поддршка за инфраструктурни проекти, со фокус на железницата и здравството. Британскиот амбасадор Метју Лосон, во интервју за „360 степени“, истакна дека стратешкото партнерство останува формалност која може да се заврши во секој момент, додека договорот „влада со влада“ е клучен за започнување на реални проекти на терен, пренесува Инбокс7.

„Тоа е само прашање на редослед,“ рече Лосон, додавајќи дека стратешкиот партнерски договор го опфаќа целиот спектар на соработка, но не е предуслов за почеток на економската имплементација. „Може да се потпише во секое време. Мојот премиер е подготвен да го потпишам, но сега беше важно да се даде старт на конкретни економски проекти.“

Финансиска рамка од 5 милијарди фунти

Лосон објасни дека договорот овозможува пристап до британската извозна финансиска рамка вредна 5 милијарди фунти, од кои околу 2 милијарди фунти би биле достапни за Северна Македонија за железнички и здравствени проекти. Финансиската поддршка е поврзана со услов за минимално британско учество од 20% во секој проект.

„Очекуваме вклучување на врвни британски компании како што е конзорциумот ‘Crossrail’, кој стои зад изградбата на лондонската железничка мрежа исток-запад,“ рече Лосон. „Тоа значи британска техничка експертиза, но и поддршка од институции како Public Health England, кои ќе соработуваат во изградбата на нови болници.“

Амбасадорот не откри конкретни имиња на компании, но потврди дека неколку британски фирми веќе се претставени пред македонските власти и се во подготовка за вклучување во процесот на јавни набавки.

Нема алтернатива на ЕУ, но нема ни исклучување на билатералните економски врски

На прашањето дали ваквите договори се обид за замена на ЕУ-интеграцијата, Лосон изјави дека политиката на Лондон во однос на проширувањето на ЕУ останува непроменета.

„Обединетото Кралство ја поддржува ЕУ-перспективата на Северна Македонија. Ова не е или-или одлука. Можно е земјата да напредува кон ЕУ и истовремено да ја продлабочува економската соработка со Британија. Вакви договори имаме и со други ЕУ-партнери.“

Тој додаде дека британската поддршка вклучува и ангажман во спроведувањето на реформи, а договорот „влада со влада“ треба да се гледа како комплементарен чекор кон европските аспирации на земјата.

Визна либерализација – политички предизвик за Лондон

Иако британските компании имаат зголемен интерес за присуство во Северна Македонија, визниот режим за македонските граѓани останува непроменет. Лосон призна дека тоа е прашање што често се поставува, но и дека миграцијата е високо политизирана тема во Обединетото Кралство.

„Јас лично би сакал да го видам олеснувањето на визниот режим. Но прашањата за миграцијата носат голем внатрешен политички притисок за секоја британска влада. Сепак, тоа не значи дека разговорите не продолжуваат – напротив. Бизнис-заедницата го поддржува тоа, и ние ќе продолжиме да го поставуваме ова прашање во Лондон.“

Потпишување во Лондон – сигнал за зајакнување на билатералните врски

Потпишувањето на договорот во Велика Британија, со присуство на вицепремиерот Меџити, беше оценето од Лосон како „силен сигнал за подготвеност за продлабочување на економските врски“. Тој го оцени потегот како пресвртница во односите и почеток на нова фаза на стратешка соработка.

„Ова е клучен момент во односите меѓу нашите две земји – не само политички, туку и економски. Сакаме да бидеме долгорочен и сигурен партнер на Северна Македонија,“ заклучи Лосон.

Related posts

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin

ЕУ со нови 2.1 милијарди за развој на Западен Балкан

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Мицкоски: Ни треба нов договор за Македонија

ninja

Расте поддршката за Арбен Таравари

admin

САД ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

admin