29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити вели ВЛЕН е волјата на Албанците, Таравари: Се гледаме на избори

Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека коалицијата ја отелотворува идејата за обединување и промени, како и дека таа ја претставува волјата на Албанците за квалитетна, принципиелна и чесна политичка застапеност.

„ВЛЕН е спротивност на политичарите од минатото кои градеа кариери со интриги, поделби и заговори. ВЛЕН е вредност, а од ВЛЕН си заминаа антивредностите,“ напиша Меџити на Фејсбук.

Според него, четирите партии – Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и Движењето – заедно го сочинуваат ВЛЕН, кој, како што рече, продолжува да биде симбол на новиот политички дух спроти стариот начин на дејствување.

„Ова е битка за принципи. Нема триумфализам. На крајот победуваат Албанците,“ додаде Меџити.

Неговата реакција доаѓа по објавуванјето на веста за оставката на пратеникот на АА, Салим Сулејмани, при што пратеничко место премина ксј БЕСА.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, му одговори во сличен:

„Вистинската власт е народот. Ќе се видиме во октомври, кој е блиску… многу блиску!“ напиша Таравари на Фејсбук.

Related posts

Цената на електричната енергија порасна за 3.9%

admin

КАКО ДА СЕ РАЗБИЕ МРЕЖАТА ШТО ОВОЗМОЖУВА ДА ЦВЕТА КОРУПЦИЈА

ninja

Денков: Не се менува бугарската позиција кон РСМ

admin

Арсовска: Во живо фатив нелегално поврзување на канализација, добив закани – МВР спушти телефон

admin

OpenAI го најавува SearchGPT, својот пребарувач со вештачка интелигенција

admin

Ескобар: Сакаме да бидете дел од ЕУ, не сум тука да вршам тортура врз некого

admin