32.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Полициско возило, две мртви деца: Кој ќе одговара за сообраќајната несреќа во Арнакија?

Никогаш не помислиле дека летниот одмор ќе им заврши со трагедија, која нема да можат да ја заборават до крајот на нивниот живот. Таа летна ноќ во 2021 година ќе стане доживотен кошмар за брачниот пар Ш.Е. и В.Е. од село Арнакија.

Додека за враќале од летниот одмор полн со убави сеќавања, полициско возило управувано од Р.Б., тогаш активен полициски службеник, влетала во спротивната коловозна лента во непрегледна десна кривина и директно удрило во патничко возило, во кое се враќале Ш.Е. и В.Е. со нивните три малолетни ќерки. Полициското возило се движело со брзина од 108 километри на час — двојно над дозволеното за населено место — при што силниот удар им нанел тешки телесни повреди на сите петмина патници, а биле кобни за двете малолетни девојчињата, кои подоцна им подлегнале на повредите во болница.

Нивните убави спомени од летниот одмор биле заменети со трагедија, за која ниту биле виновни а ниту можеле да ја избегнат. Иако трагичниот настан се случил многу блиску до нивниот дом – неколку километри оддалечено од Арнакија – правдата за нив изгледа толку далечна.

Четири години подоцна, судската постапка сè уште трае. Иако на почетокот обвинетиот ја признал вината и добил четиригодишна затворска казна, Апелациониот суд ја укинал пресудата, а Р.Б. подоцна се изјаснил за невин.

Во новата фаза на судењето, одбраната презентираше ново вештачење, според кое, возилото се движело со брзина за 25 километри на час помала од првичната проценка. Овој документ, според оштетените – родителите на починатите деца, е погрешен, нелогичен и изработен за потребите и интересите на одбраната.

Следното рочиште е закажано за 16 мај, кога ќе бидат распрашани вешти лица од двете страни. Оштетените бараат делото да биде преквалификувано од „небрежност“ во „умисла“.

Според вештачењето изработено за потребите на обвинителството, возилото „Шкода Фабиа“ било управувано со брзина речиси двојно повисока од дозволената, во мрачни услови и на непрегледна кривина. Според обвинението, Р.Б. ја зголемил брзината откако добил информација преку радиостаница за можно движење на сомнително возило кое било предмет на полициска потрага.

Сепак, како што истакнуваат адвокатите на оштетеното семејство, тоа возило било лоцирано пред клучката Арачиново — над 25 километри оддалечено од местоположбата на Р.Б. — и на терен имало други полициски патроли многу поблиску до местото.

“Нема никаква логика или оправдување за зголемување на брзината во населено место до степен што директно ги загрозува животите на случајни учесници во сообраќајот,” велат од правниот тим на семејството.

Според нив, должноста на полициски службеник подразбира повисоко ниво на одговорност и свест, особено во услови на ноќно возење и висока густина на сообраќај. “Не станува збор за обична небрежност, туку за умисла – свесно прифаќање на можноста за трагични последици,” додаваат тие.

Судската постапка за овој случај трае веќе четири години. На следното рочиште, закажано за 16 мај во 9 часот, ќе бидат сослушани вештите лица од двете страни. Застапниците на семејството велат дека ќе направат сѐ што е дозволено со цел да ја оспорат веродостојноста на новото вештачење и да се добие правдата што се бара веќе четири години.

“Не бараме одмазда – бараме правда за двете мали девојчиња кои ги загубивме поради крајно неодговорно и опасно полициско однесување,” истакна таткото на жртвите. Судбината на случајот, како и прашањето дали службената значка може да биде изговор за прекршување на основните правила на безбедност, ќе се одлучува повторно – во судница. /Инбокс7

Related posts

БОРЕЛ – МОСКВА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА МИР ВО УКРАИНА

ninja

Собранието на Косово не успеа да се конституира, Курти нема мнозинство

admin

Хаос во Бундестагот, лоша недела за демократијата

admin

Европската комисија го истражува договорот за гас меѓу Бугарија и Турција

admin

Арсовска: Институциите молчат за криминалот во Чаир, загрижена за шовинизам и дискриминација

admin

Битка за Романија: Центристот Дан го победи екстремниот десничар во избори обвиени со руска сенка

admin