11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Арсовска: Ганиу е “принцезата на дивоградбите” во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, обвини дека општинските власти во Чаир не постапуваат против дивоградби кои, како што рече, никнуваат на државно земјиште и го оштетуваат инфраструктурниот систем на градот, вклучително и енергетската мрежа и булеварска сообраќајница.

Арсовска на својот профил на Фејсбук објави дека екипи од Градот утрово излегле на терен по пријава од граѓани и затекнале две бесправно изградени објекти. Работниците, според неа, побегнале при доаѓањето на инспекцијата.

„Градот нема надлежност за уривање, но надлежните органи треба итно да постапат“, напиша Арсовска, додавајќи дека „градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, четири часа не се појави на локацијата, иако бил повикан.“

Според неа, двата објекти немаат ниту градежна документација ниту стандарди за безбедност, и се започнати во 2025 година – по рокот за легализација. „Овие објекти го нарушуваат квалитетот на живот на граѓаните, затворајќи пристап до сончева светлина и предизвикувајќи оштетувања врз булеварот,“ изјави Арсовска.

Таа го нарече Ганиу „принцеза на дивоградбите“, обвинувајќи го дека испратил повеќе од 150 барања до Град Скопје за легализација на бесправно изградени објекти, кои биле одбиени како неосновани.

Во изјава за медиумите, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, рече дека веќе побарал од општинските инспектори да постапат и оти сè уште чека реакција од надлежните.

Арсовска, пак, повика Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал да ги истражат случаите на бесправна градба во Чаир.

 

Related posts

Шест причини зошто ова видео снимка стана вирална преку ноќ

admin

Рокас испрати јасна порака: Решението за Изборниот законик не смее повеќе да чека

admin

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

Нов фронт меѓу Вашингтон и Пекинг: Вештачката интелигенција станува оружје на геополитиката

admin

Во својот џеб инкасирал хонорар од 354.000 евра, колку што чини еден стандарден македонски филм

admin

ШОК ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Таравари се интересирал само за бизнисите на Заев и Груби!

admin