14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муртезани: Расте незадоволството во Алијанса, можно е повеќе заминувања

Незадоволството меѓу функционерите и поддржувачите на Алијанса за Албанците ќе продолжи и во наредните денови, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, коментирајќи го одлуката на лидерот Арбен Таравари за преминување во опозиција.

Изјавата доаѓа еден ден по најавата на пратеникот Салим Сулејмани дека се повлекува од сите партиски функции и од Собранието, во знак на протест против политичките насоки на партијата.

„Мислам дека сите случувања во Алијансата за Албанците предводена од Таравари се знак дека одлучноста на структурите и подготвеноста да не завршат во прегратките на Али Ахмети се многу поголеми од калкулациите на Таравари,“ изјави Муртезани. „Според наши неофицијални информации, револтот е голем и тој тренд ќе продолжи.“

На прашањето дали се очекуваат нови премини во коалицијата ВЛЕН, каде припаѓа и тој, Муртезани не откри детали, но нагласи дека ситуацијата во Алијанса е „динамична“ и дека „треба да се почекаат следните денови“.

Сулејмани, кој беше дел од пратеничката група на Алијанса, во својата оставка посочи дека влезот во коалиција со ДУИ во пресрет на локалните избори претставува „сериозно отстапување од принципите“ на партијата, поради што се одлучил на овој чекор.

Related posts

Честитки од ЕУ, ОАЕ и Израел до Северна Македонија по повод Денот на независноста

admin

Внимавајте со лажните наградни игри на социјалните мрежи: Со еден клик станувате мета на фишинг напади

admin

Трамп се повлекува од заканата за царини кон Европа по разговорите со НАТО за Гренланд

admin

Овој е најопасниот хакер на светот

admin

Скопскиот аеродром со 11 меѓународни признанија, Подгорица и Тиват меѓу најлошо оценетите во Европа

admin

Шекеринска – првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТО

admin