7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Законот мора да важи за сите, Обвинителството да постапи по пријавите на Арсовска

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика институциите да постапуваат по пријавите на скопската градоначалничка Данела Арсовска, откако таа јавно обвини за постоење на дивоградби во Општина Чаир и тврдеше дека добива закани по живот.

„Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите на градоначалничката Арсовска. Законот мора да важи за сите. Жал ми е ако добива закани по живот – ја охрабрувам истите да ги пријави во МВР, а МВР да постапува по нив,“ изјави Мицкоски за новинарите.

Арсовска, која во живо преку социјалните мрежи објавува снимки од наводни дивоградби и директно го обвинува градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска достави документи до Јавното обвинителство во Скопје, кои според неа се „релевантни докази“ за урбанистички незаконитости.

Претходно, Обвинителството ја повика Арсовска лично да пријави и дивоградби и закани, со уверување дека дежурен јавен обвинител ќе ги преземе исказите.

Во гостување на ТВ24, Арсовска изјави дека нејзиниот живот е сериозно загрозен.

„Мене ќе ме утепаат – можеби ќе живеам уште шест дена, можеби уште шест месеци, не знам,“ рече таа, обвинувајќи ги институциите дека не ги заштитуваат пријавителите на криминал.

„Градоначалник на главен град да пријавува криминал, а да се гони наместо да се заштити, покажува дека како држава имаме сериозен проблем,“ додаде таа.

Во изминатите недели, Арсовска е во јавен конфликт со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кого го обвинува за легализација на дивоградби и урбанистички криминал. Ганиу засега не реагирал јавно на обвинувањата.

 

Related posts

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

admin

Вучиќ нема контрола на северот на Косово: кој ги командува вооружените групи?

admin

Партијата ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ пред локалните избори

admin

Молитва и 63 бели столчиња во спомен на загинатите

admin

Пропадна договорот за Изборниот законик: Македонија останува без 4,2 милиони евра од ЕУ

admin

Идејата на Зеленски за рехабилитација на украински деца и војници се разгледува во Скопје

admin