24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Прва група македонски граѓани евакуирани од Израел безбедно пристигна во Скопје

Прва група македонски граѓани кои побараа евакуација од Израел поради влошената безбедносна состојба, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром, соопштија надлежните институции.

Македонија е меѓу првите европски земји кои организираа и спроведоа успешна евакуација на свои државјани од конфликтната зона на Блискиот Исток. Според податоците до понеделник, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за напуштање на Израел.

Министерството за надворешни работи информираше дека веднаш по ескалацијата на состојбата формирало кризен штаб и започнало координирани активности за безбедно враќање на граѓаните.

Евакуацијата беше извршена со авион во државна сопственост, со оглед дека меѓународниот воздушен сообраќај со Израел е привремено суспендиран. Втора група македонски државјани ќе биде евакуирана веднаш штом се воспостават редовни летови од Тел Авив.

Related posts

Притвор од 48 часа за Бектеши и уште 13 осомничени

admin

Расклатена една ногарка во Европскиот фронт

admin

Приштински Коха: Бившите припадници на ОВК не се безбедни во Северна Македонија

admin

Спасовски: Убиствата се расчистуваат, за петте „мафијашки“ немаме докази

admin

Ахмети со писма го алармира меѓународниот фактор, повикува на заедничка акција

admin

Бајден го помилува синот Хантер

admin