36.5 C
Скопје
30 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муцунски: Северна Македонија не ја поддржа резолуцијата за Газа во ОН поради недефинираноста на Хамас

Северна Македонија се воздржа од гласање за резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се бараше прекин на огнот во Појасот Газа, поради, како што изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, недоволно јасната дефиниција за Хамас и содржини спротивни на меѓународното право.

„За мене нема дилема дека Хамас е терористичка организација која изврши напад на територија на Израел. Но, кога резолуцијата не ги осудува тие дејствија соодветно, не можеме да ја поддржиме,“ рече Муцунски на заедничка прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Скопје.

Муцунски нагласи дека државата „не е против мирот“, и дека како мала земја придонесува во рамки на своите можности за глобалната стабилност, вклучително и во конфликтите во Украина и Блискиот Исток.

Сијарто: ЕУ ја турка Украина, го заборава Западен Балкан

Во Скопје, унгарскиот министер Сијарто потпиша договор за стратешка соработка и меморандум за стипендирање студенти со Северна Македонија. Тој остро ја критикуваше политиката на ЕУ кон процесот на проширување.

„Неприфатливо е Брисел да ја турка Украина кон ЕУ со забрзана процедура, додека го одложува членството на држави од Западен Балкан кои се многу поподготвени,“ изјави Сијарто.

Тој додаде дека реалната поддршка за проширување во рамки на ЕУ е мала: „Јавно многу лидери го поддржуваат Западен Балкан, но кога вратите се затворени, се поставуваат бројни пречки.“

Отворено прашање со Бугарија

Муцунски изјави дека Северна Македонија е отворена за дијалог со Бугарија, но отфрли какви било отстапки што би задирале во националниот идентитет. „Сакаме комуникација, но нема да се откажеме од нашите принципиелни позиции,“ рече тој.

Претходно оваа недела, Муцунски имал телефонски разговор со неговиот бугарски колега Георг Георгиев. И покрај очекувањата, не е планирана средба на претседателката Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев на претстојниот самит на НАТО во Хаг. Наместо Радев, Бугарија ќе го испрати премиерот Росен Жељазков.

 

 

 

Related posts

Падна законот за двојни државјанства: Собранието ја отвори старата дилема

admin

Крај за Стармер? Британија чека премиерска оставка

admin

ЧЕТИРИТЕ „СУХОИ 25“ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРАТЕНИ ВО УКРАИНА

ninja

Мицотакис или Ципрас, кој ќе победи на парламентарните избори во Грција?

admin

САД и Иран направија прв чекор: 60 дена до конечен договор

admin

СРБИЈА ПРОТИВ ШВАЈЦАРИЈА: ВОЈНА ИЛИ СПОРТ?

ninja