35.5 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата на најдобрите 2.000 во светот

Ниту еден универзитет од Северна Македонија не влезе на листата на 2.000 најдобри високообразовни институции во светот, според најновото рангирање на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) за 2025 година.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој лани се најде на 1.990-то место, годинава е исфрлен од рангирањето, покажуваат податоците на CWUR, кое анализира над 21.000 универзитети на глобално ниво.

Ова е првпат по неколку години Северна Македонија да остане без претставник на ова престижно рангирање, кое се заснова на четири клучни критериуми: квалитетот на образованието, вработливоста на дипломираните, академската извонредност и истражувачките перформанси. Методологијата не вклучува анкети или самопријавување од страна на универзитетите, што го прави едно од најобјективните глобални рангирања.

Во регионот, Србија продолжува да се појавува со силно присуство, предводена од Универзитетот во Белград на 354 место. На листата се најдоа и Универзитетите во Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

Бугарија е претставена со Софискиот универзитет, рангиран на 1.051 место, и Медицинскиот универзитет – Софија, кој се најде на 1.478 позиција.

Related posts

Лекари под лупа, итната помош се менува од корен: Алиу со голем план за здравството

admin

Кампањата повеќе личи на парламентарна отколку на локална трка

admin

Секој трет во земјава поседува оружје

admin

Украинскиот командант за дронови: Војната ја носиме длабоко во Русија

admin

Нови задоцнувања во изградбата на автопатот Скопје-Блаце

ninja

Протести во Скопје: Студенти на улица за јазикот – политичарите во отворена војна

admin