22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска спремна да се сретне со Жељазков: Дали Брисел турка нова иницијатива за деблокада на евроинтеграциите?

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави во петокот дека е подготвена да се сретне со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг, откако стана јасно дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да присуствува.

„Ред е да се разговара со хомологот, но нема проблем и доколку се сретнам со премиерот Жељазков,“ изјави Сиљановска Давкова пред новинарите на Меѓународната книжевна манифестација „Празник на липите“ во Скопје.

Таа прецизираше дека евентуалната средба е иницирана од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со кого се сретнала неодамна во Ница.

„Кошта ме информираше дека Радев нема да дојде во Хаг, туку ќе дојде Жељазков. Ако средбата е предложена од европска страна, потврдата треба да дојде оттаму,“ рече Сиљановска Давкова, додавајќи дека е секогаш подготвена за дијалог, особено кога станува збор за процеси поврзани со европските интеграции.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека нема да присуствува на Самитот во Хаг и изрази поддршка за потенцијална средба помеѓу претседателката и бугарскиот премиер.

„Без оглед што јас нема да бидам таму, секоја иницијатива за ваков состанок треба да се прифати. Треба да бидеме проактивни и да ги вкрстиме аргументите,“ изјави Мицкоски во четвртокот, додавајќи дека ќе побара координација со Сиљановска Давкова пред Самитот.

Тој оцени дека прашањата со Бугарија се продлабочени со политички и историски контекст, а не со етнички идентитет на поединци, и повика на јасна стратегија во односите со источниот сосед.

 

 

Related posts

РУСКИ РАКЕТИ ПОГОДИЈА ЦЕЛИ ВО ПОЛСКА, ДВЕ ЖРТВИ

ninja

Горчлив „меден месец“ на владината коалиција

admin

ЕСКОБАР: ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ДОБАР ПАРТНЕР ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕУ АГЕНДАТА

ninja

Екстрадицијата заврши, почнува истрагата за Палевски

admin

Кастинг без тефтер, автономен буџет и мониторинг

admin

Паника на азиските берзи: Нафтата скока додека војната со Иран го стега светот

admin