29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Независна кандидатура во Кочани: Економистот Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник

Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во понеделник ја поднесе независната кандидатура за градоначалник на Кочани, најавувајќи дека ќе настапи надвор од партиските структури и ќе се фокусира на заедништво и локален развој.

„Некој би рекол дека е фрлена ракавица, но јас велам дека раката кон сите во Кочани е подадена,“ изјави Тодоров во објава на социјалните мрежи.

Тој се претстави како сопруг и татко на две деца, роден и израснат во Кочани, и потенцира дека одлуката за вклучување во трката е мотивирана од желбата градот да стане „место на избор, а не на случаен престој“.

Тодоров, кој е еден од основачите на повеќе локални организации, рече дека со години преку конкретни акции и хуманитарни иницијативи се залагал за солидарност и поддршка на најранливите категории. „Јас сум човек од дела – не од зборови,“ нагласи тој.

Неговата изборна порака е дека Кочани треба да се гради „чекор по чекор, човек до човек“ и дека е потребен „нов глас на одговорност, искреност и храброст“.

„Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол,“ порача Тодоров.

 

 

 

Related posts

Филипче: СДСМ е единствената неконтролирана опозиција

admin

Димитровска пред судот не се чувствува виновна

admin

ЕУ ја награди Владата: Пари за реформи и дигитализација

admin

Тајната на Крмзов: Дијаманти, кеш и врски со моќни политичари!

admin

Лидер на младината на Левица казнет со 550 евра по приведување за палестинско знаме

admin

ДВЕ СУСПЕНЗИИ ВО НАЈАВА ЗА „СЛУЧАЈОТ ОНИШЧЕНКО“

ninja