19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пожарите во Скопје: Случајност или политичка саботажа?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постојат индиции дека пожарите во Скопје, вклучително и на критични точки како депониите и фабриките, можат да бидат дел од хибридни напади против државата.

„Факт е дека имаме мултистранични напади на државата од повеќе аспекти. Првиот ден на пожарите имавме шест-седум критични точки, а последните денови гореа четири ризични точки, вклучително депонии и фабрика за рециклирање електронски отпад“, рече Тошковски во вечерашното интервју за ТВ Сител.

Министерот додаде дека на денот на пожарот, механизацијата на некои од овие критични точки не била во функција, а дел од надзорните лица биле на боледување или на други места. „Ова се премногу совпаднувања за да се смета дека не е со намера“, рече тој.

Прашан дали пожарите се поврзани со политички структури, Тошковски рече: „Ќе видиме за брзо. Да оставиме истрагата и инспекторите да го направат своето.“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, исто така изјави дека пожарите не се случајни и ги оцени како можни субверзивни дејствија со цел предизвикување страв и политички ефект. „Очигледно е дека овие пожари не се случајни. Државата ќе биде активна и сторителите ќе бидат фатени на лице место“, рече Милошоски.

Тошковски потврди дека овие настани нема да влијаат на претстојните локални избори и ја поддржува иницијативата на премиерот Мицкоски за заострување на казните за подметнување пожар, со цел да се квалификува како тероризам. „Заострените казни ќе делуваат и превентивно во иднина“, додаде министерот.

 

 

 

Related posts

Мицкоски: Јавното обвинителство ќе се произнесе за истрагата за пожарот во Кочани

admin

„Не ни недостига талент, туку систем“: Капетановиќ бара нов економски модел за Западен Балкан

admin

Инвестиција од над 16 милиони денари по седум години чекање

admin

Меѓу уставните измени и „црвените линии“ за ЕУ

admin

Минхен во паника: Седум часа блокада на аеродромот – Путин со ново предупредување до Европа!

admin

Разговорите во Исламабад завршија без договор, Ванс: Иран одби да ги прифати нашите услови

admin