9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Ноќна акција во Скопје и Куманово: приведен поранешен државен функционер, истрагата за финансиски криминал се шири

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) потврди дека од ноќеска се спроведува полициска акција на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради сомневања за сторени кривични дела од финансиско-економска природа.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење основано сомневање за финансиско-економски кривични дела“, соопшти Обвинителството, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на теренските активности.

Според неофицијални информации објавени во дел од медиумите, во акцијата се приведени повеќе лица, меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Официјална потврда за идентитетот и бројот на приведените засега нема.

Дардишта во изминатите години извршуваше повеќе раководни функции во државната администрација, вклучувајќи ја и функцијата директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

Related posts

Становите во ЕУ поскапеле до 60% за една деценија – во некои земји и над 200%

admin

Белата куќа се подготвува за долга војна со Иран: „Ќе ги удриме уште посилно“

admin

Пластичните кеси и пластичната амбалажа полека заминуваат во историјата

admin

Мендух Тачи: Ако Мицкоски освои над 61 пратеник, ќе има конфликт

admin

Новиот ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа ветува развој и регионално влијание

admin

Ја отпуштиле „во добра состојба“, а повеќе од еден месец е во инвалидска количка

admin