10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Под засилено обезбедување: Голем собир во Скопје за Тачи, Весели и другите обвинети

Стотици поддржувачи денеска се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје на протестен марш во поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди за воени злосторства пред Специјализираните совети за Косово во Хаг.

Собирот беше организиран од лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој во обраќањето изјави дека војната на ОВК била, како што рече, праведна и ослободителна. Протестот претходно го поддржа и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, од коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство.

Учесниците носеа албански знамиња и обележја на ОВК, а поради собирот беше затворен сообраќајот кон паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“. Настанот помина мирно, под засилено полициско обезбедување.

Ахмети им се заблагодари на САД и НАТО за, како што наведе, поддршката на ОВК за време на конфликтот во Косово, додавајќи дека обвиненијата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се неосновани и политички мотивирани.

„ОВК ги почитуваше меѓународните конвенции и ги осудуваше сите напади врз цивили,“ рече Ахмети, додавајќи дека процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда.

На собирот се обратија и претставници на здруженијата на ветераните на ОВК, меѓу кои Берат Хајдари и Хисни Гучати.

Протестот во Скопје следи по слични собири во изминатите месеци во Тирана, Приштина, Хаг и Стразбур, организирани во знак на поддршка на поранешните команданти на ОВК.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека Владата нема да го поддржи протестот, но дека институциите ќе ги преземат сите мерки за одржување на јавниот ред и безбедност.

Судењето на Тачи, Весели, Красниќи и Селими започна во 2023 година и е во завршна фаза. Обвинетите ги негираат обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, кои, според обвинението, се случиле во периодот 1998–1999 година во Косово и северна Албанија.

Related posts

ЕУ ја награди Владата: Пари за реформи и дигитализација

admin

И да има зголемување на партиципацијата за студирање, нема да биде на грбот на студентите

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

Берлин остро против Коста: „Дали целосно изгуби допир со реалноста?“

admin

Новите санкции на Трамп силен удар за Путин

admin

ДУИ со предупредување до Силјановска-Давкова: Албанскиот народ нема да ве признае за претседател ако продолжите вака

admin