29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алармантно: За 24 часа околу 110.000 сообраќајни прекршоци

Камерите од новиот систем „Безбеден град“ регистрирале околу 110.000 сообраќајни прекршоци во првите 24 часа од тест-периодот во Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Околу 90% од прекршоците се однесуваат на пречекорена брзина, а околу 5.000 случаи се преминувања на црвено светло, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој додаде дека се разгледува можноста за воведување толеранција од 10% при мерењето на брзината, откако првичните резултати покажале дека системот регистрира и минимални надминувања на дозволената брзина.

Системот, кој е во пробна фаза до крајот на декември, засега испраќа само опомени. Паричните казни ќе се применуваат од јануари, а известувањата ќе се доставуваат преку СМС и електронска пошта.

Тошковски рече дека санкциите ќе важат за сите, вклучувајќи ги и возачите на службени автомобили на функционери, и најави дека во употреба ќе бидат пуштени и нови патролни возила опремени со камери и мобилни радари.

МВР соопшти дека истите правила ќе важат и за странски возила, кои во случај на неплатена казна нема да можат повторно да влезат во земјата.

 

Related posts

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Меџити потврди: Хоџа ќе биде министер за екологија, Сали прв вицепремиер

admin

„Израел веќе не е на масата, туку на менито“: Остра критика за Нетанјаху

admin

Македонските универзитети испаднаа од глобалната академска мапа

admin

Предвремени избори или политички притисок?

admin

Аудио и видео докази во суд: Десетици пријави за насилство пред трагедијата во Карпош

admin