10.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Крилото на АА на Села го оспори Законот за прекршоци пред Уставниот суд

 

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села поднесе иницијатива до Уставниот суд со која го оспорува Законот за прекршоци, усвоен во рамки на имплементацијата на системот „Безбеден град“, уште пред проектот официјално да започне со примена.

Села изјави дека законот е противуставен поради селективната примена, бидејќи системот е предвидено да функционира само во Скопје, Куманово и Тетово, како и поради тоа што известувањата за сторени прекршоци не се двојазични, а казните се доставуваат преку текстуални пораки.

„Поднесовме иницијатива до Уставниот суд за уставноста на Законот за прекршоци, кој беше донесен по скратена постапка, иако се однесува на целото население во државата. Сметаме дека ваква постапка е недозволива за закон со вакво значење,“ изјави Села.

Тој го доведе во прашање и начинот на предлагање на измените, наведувајќи дека иницијативата дошла од пратеници, а не од Владата, иако проектот со месеци бил промовиран од извршната власт.

Села оцени дека законот задира во рамноправноста на граѓаните и дека не ги почитува одредбите од Законот за употреба на јазиците, нагласувајќи дека во самиот закон треба јасно да биде наведено оти известувањата мора да бидат двојазични.

Тој додаде дека е несоодветно казните да се испраќаат преку СМС или електронска пошта, бидејќи граѓаните немаат законска обврска да поседуваат мобилен телефон или имејл адреса, за разлика од обврската да имаат пријавена адреса на живеење.

„Граѓаните мора да бидат еднакви пред Уставот. Не може еден закон да важи само за одредени градови,“ рече Села.

Проектот „Безбеден град“ предвидува автоматско детектирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци преку видео-надзор, а неговата примена сè уште не е официјално започната.

Related posts

Израел преминува на одбранбени операции во Газа под притисок од Трамп – Нетанјаху подготвен за преговори во Египет

admin

БОРЕЛ – РУСИЈА ЈА ЗАГРОЗИ НУКЛЕАРНАТА БЕЗБЕДНОСТ

ninja

Зошто Путин го запре целиот извоз на бензин и дизел надвор од Русија?

admin

Загадувањето во Скопје ќе се намалува со кар-шеринг

admin

Бугарија врати 21 тон јаболка од Македонија поради забранет пестицид

admin

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja