10.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: Наместо реформи, Мицкоски продуцира судири со соседите

Опозициската СДСМ во понеделникот остро го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја владата дека ја оддалечува земјата од Европската унија преку, како што наведоа, агресивна анти-ЕУ реторика и конфронтации со соседите.

„Домашната задача за ЕУ не се прави со ‘Ноќни волци’ и со агресивна анти-ЕУ кампања,“ соопшти СДСМ, алудирајќи на, како што велат, контроверзни контакти и симболика што ја компромитираат европската ориентација на земјата.

Од партијата признаваат дека постои спор со Бугарија, но тврдат дека актуелната власт намерно го продлабочува проблемот наместо да работи на негово решавање. „Наместо реформи, се продуцираат судири со соседите и повторно се отвораат затворени прашања, со единствена цел да се оправда изолацијата и да се избегнат вистински решенија,“ се наведува во реакцијата.

СДСМ ја обвини владата и за лошо управување со јавните финансии, посочувајќи дека, според нив, „ортачки тендери“ довеле до буџетски дефицит од околу 2 милијарди евра, што ја принудило државата да се задолжува преку еврообврзници. Партијата тврди дека поради тоа нема средства за зголемување на платите и пензиите.

Опозицијата ја повика владата да усвои закон за правосудството во согласност со европските стандарди, предупредувајќи дека предложените решенија би можеле дополнително да го забават евроинтеграцискиот процес. „Со овој закон повторно ќе паднете на испит, а Македонија ќе чека уште долго на следниот испитен рок,“ соопшти СДСМ.

Во реакцијата се споменуваат и САД и Русија, при што СДСМ потсетува дека Вашингтон го усвоил Законот за Западен Балкан, насочен кон борба против корупцијата и криминалот, додека Русија е под меѓународни санкции. Партијата го повика премиерот да ја има предвид таа реалност, посочувајќи го вицепремиерот Иван Стоилковиќ како еден од неговите најблиски соработници.

„Навистина почнете да ја работите домашната задача, затоа што Македонија веќе нема време за чекање,“ порача СДСМ.

 

Related posts

Граѓани реагираат: Владините мерки не се доволни, храната е скапа

admin

Претседателот на Словачка ја критикува ЕУ поради двојни стандарди, ја поддржува Северна Македонија

admin

ВИДЕО / Жестока прва дебата Биден-Трамп: Кој победил?

admin

Калас: Американско-руските разговори може да го зголемат притисокот врз Украина за отстапки

admin

Скопје собра експерти од 20 земји: ВИ и образованието во центарот на ICON BEST 2026

admin

Владата на тест: Претставата заврши или почнува?

admin